Македонија
Општина Битола: Јанева сака политички да ја манипулира јавноста
Изненадени сме од реакцијата на Специјалното јавно обвинителство и од оние луѓе коишто садомазохистички пренесуваат хистерија подолг период во јавноста, затоа што сето она што го побараа максимално им беше на располагање, реагираше во четвртокот битолскиот градоначални Владимир Талески, откако претходно беше објавено дека Општина Битола одбила да соработоува со СЈО.
„Ова прераснува во еден садомазохизам, хистеричен и се прави една невидена политичка хајка каде што независна суверена, самостојна Република Македонија, за жал, ако продолжи ова, сé помалку ќе личи на тоа. Мислам дека поддршката и ваквиот однос кон релевантните институции, кон функционерите и сето она што ние го правиме е директен обид да се наруши суверенитетот и самостојноста на Македонија, бидејќи на ваков начин се уриваат институциите кои државата ги има“, рече првиот човек на Општина Битола одговарајќи на новинрски прашња.
Талески посочи дека „н,ие не сме криминалци и нема да му дозволиме никоми насила тоа да го прави од нас. Ги покажавме сите документи кои требаше да ги видат, за она за што се надлежни, иако имаме сознанија дека тие си презеле ингеренции за дел од работите за кои веројатно не се надлежни“, додава градоначалникот на Битола.
Порача дека доколку Специјалното јавно обвинителство има потреба од уште нешто, тие како општина стојат на располагање. /крај/мф/нтп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

