Македонија
Општина Центар: Васко Лазаревски официјално е директор на ООУ “11-ти Октомври“
Централниот Регистар на Р. Македонија, постапувајќи по одлуката на општина Центар за разрешување на Даниела Костадинова и наименување на Васко Лазаревски за директор на ООУ “11-ти Октомври“, донесе решение, со кое за овластен потписник го именува Васко Лазаревски, информира локалната власт.
Костадинова, која не се појави во училиштето, по решението, согласно законските прописи, треба да се врати на поранешното работно место, а тоа е одделенски наставник во ООУ “Рајко Жинзифов“ во село Драчево, општина Кисела Вода.
„Вработените во ова центарско основно училиште, како и во другите општински основни училишта, ќе ја примат октомвриската плата откако Министерството за образование ќе ги заврши процедурите. Општина Центар навреме ги заврши своите обврски околу платите на вработените и неопходната документација ја достави до надлежното министерство“, информираат од општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

