Македонија
Основен суд Скопје 1 потврди дека раководител ја нападнал портпаролката
Основниот суд Скопје 1 Скопје, со соопштение во вторникот вечерта се огласи по медиумските информации за физички инцидент во овој суд, и потврдува дека во просториите на судот раководителот на одделот за човечки ресурси Г.С. физички нападнал еден од портпаролите П.К., во присуство на судија од одделот за претходна постапка С.Ј.
Како што објави претходно Макфакс, во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна попладнето во вторникот се случи тежок инцидент кој бил разрешен откако дошла полицијата. На инцидентот му претходела нервозна и крајно тензична дискусија која била во насока на жестоки напади од вработен кон претседателот на судот Владимир Панчевски. Во таквата атмосфера, вработена во судот побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон вработената, а потоа била повикана полициска асистенција.
Како што наведуваат од судот, Г.С. прво вербално ѝ се заканил на П.К., а потоа ја турнал од столчето „загрозувајќи ѝ ја сигурноста со упатени закани по животот и телото“ и потоа ја напуштил просторијата. Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР.
Нападнатата поднела кривична пријава за нападот според член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи.
„Во врска со настанот и од страна на судската управа ќе бидат преземени соодветни мерки“, се вели во соопштението од кривичниот суд Скопје.
Се демантираат, како што се наведува, „тенденциозните шпекулации дека во судот имало физички напад при кој имало превртување на бироа и уништување на инвентарот, а во кој настан бил вклучен и претседателот на судот“.
Во вторникот, исто така, беше објавено дека петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје упатиле известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија со кое бараат против претседателот на судот Владимир Панчевски да бидат преземени соодветни мерки поради негово постапување „имајќи ја предвид должноста на претседателот на судот да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста“.
Тие во дописот потсетуваат дека Панчевски на интернет страницата на судот, но и во медиумите јавно објави дека поднесува кривина пријава против судијата Иван Џолев. Тоа е спротивно на член 97 став 3 од Законот за судовите поради што Панчевски треба да понесе одговорност, велат неговите колеги./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

