Македонија
Основниот суд Скопје 1 одлуката за одземање на пасошот на Канческа-Mилевска ќе ја носи во понеделник
Основниот суд Скопје 1 Скопје во петокот не одлучи дали на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска осомничена во случајот „Тендери“, ќе ѝ биде одземена патната исправи и дали ќе треба да се јавува во судот еднаш седмично.
Како што инфромиравме во петокот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во петокот во судот даде исказ во присуството на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство за предмети произлезени од нелегално прислушуваните телефонски разговори (скратено СЈО) Фатиме Фетаи. По двочасовниот распит, министерката не соопшти детали за распитот, изјави за медиумите дека не ѝ биле презентирани докази и ги обвини СЈО и најголемата опозицска партија СДСМ дека прават политички театар. Канческа- Милевска беше повикана на распит една седмица откако СЈО ги достави предлозите за мерки на претпазливост до судот. Таа е првоосомничена во новиот случај „Тендери“. Се товари за местење на тендерот за изградба на Музејот на ВМРО во полза на АД Бетон- Штип. Со тоа, како што објави СЈО, го оштетила државниот буџет за милион евра. Во случајот се осомничени уште три лица, но мерки на претпазливост, обвинителите побараа само за министерката и второосомничената во случајот, која е дел од Комисијата за јавни набавки во Министерството за култура. При објавување на случајот, СЈО соопшти дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. Поради тоа побара од судот да им ги одземе пасошите и да им изрече обврска за пријавување на своето присуство на министерката Елизабета Канческа- Милевска и на второосомничената во случајот „Тендери“./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

