Македонија
Основниот суд затекнат од одлуката на Врховниот суд за судењето за „Дива населба“
Основниот суд Скопје 1 во соопштение до јавноста информира дека и тие како и медиумите и адвокатите биле затекнати од известувањето на судската полиција на Врховниот суд дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, претставниците на медиумите, јавноста и членовите на семејствата на судењето за случајот за „Дива населба“.
Тие тврдат дека ги обезбедиле сите услови за водење на постапката како и услови за претставниците на медиумите, семејствата на обвинетите и јавноста.„По добивање на одлуката на Владата на Р.М., Основниот суд Скопје 1 – Скопје, од Претседателот на Врховниот суд на Р.М. веднаш беа побарани клучевите од судската сала кои на ден 27.05.2016 година, во присуство на комисија од Кривичниот суд, записнички беше извршено примопредавање на судската сала, по ова истиот ден беше изготвен оперативен план за начинот на обезбедување на судскиот комплекс помеѓу Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Апелациониот суд – Скопје и Врховниот суд, начин на движење на вработените и возилата кои пристапуваат до судскиот комплекс, а воедно овој оперативен план опфаќа и начин на физичко обезбедување на самото судење со помош – асистенција, по наредба на судечкиот совет, од страна на МВР на Р.М., а наведеното од аспект на безбедност. Воедно Основниот суд Скопје 1 ја опреми салата со техника за аудио и видео снимање на судењето, а за истото веднаш се известени претседателите на Врховниот суд на Р.М. на Апелациониот суд – Скопје и на Основниот суд Скопје 2, со што овој суд ги обезбеди сите законски претпоставки за да се одржи расправата, а на претседателите на наведените судови и на судската полиција на Врховниот суд на Р.М. им беше препорачано донесениот оперативен план да го почитуваат и да дадат поддршка на судската полиција на Кривичниот суд.Но ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд“, се вели во соопштението.По одложувањето на судењето адвокатите се сретнале со Претседателот на Кривичниот суд кој им образложил дека судот ги презел сите мерки за водење на денешната главната расправа.„За ОСС 1 – Скопје за изненадување се реакциите на реномирани правни експерти по повод доделување на салата од страна на Владата на Р.М., со толкување дека Владата директно се вмешала во судското работење, имено согласно член 82 вв со член 83 од Законот за судовите, токму Министерството за правда на Р.М. , како дел од владата, е надлежно за обезбедување на основни услови на судовите за реализација на судското работење што и од нивна страна беше направено, а со преземените мерки на Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост беа исполнети сите предуслови за продолжување на судскиот процес во врска со настаните од кумановско Диво Насеље“, се додава во соопштението./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење
Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената – 4.674, потоа за минување на црвено светло – 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за минување на црвено светло, а 125 се за брзо возење.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.
Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.
Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Македонија
Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид
Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз.
Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО.
„На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност“, соопштија од Владата.
Во него се додава дека делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.
Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

