Македонија
Отежнато одвивањето на сообраќајот во источна Македонија

Според информациите од ЈП Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На регионалниот пат Валандово – с.Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.
На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во близина на м.в. “Длабок дол”, дошло до свлечиште на ридот поради што коловозот е затрупан со земја и одрони и е непрооден за сите видови возила.
На магистралниот пат А-3 Кочани-Делчево, поточно на потегот с.Истибања и М.Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м.
На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна
сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин
поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. /крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.