Македонија
Откриени 70.000 дупликат формулари за возачки дозволи, вмешан висок раководител во МВР
Откриени се 70.000 дупликат формулари за возачки дозволи со сериски броеви на веќе постоечки дозволи, соопшти на прес – конференција Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека истрагата покажала дека во афера вмешан бил и висок раководител во Министерството за внатрешни работи.
„Пронајдени се 70.000 формулари за возачки дозволи што се внесени во МВР на 26 ноември 2015 година, непосредно по моето доаѓање на чело на Министерството. Но, овие 70.000 возачки дозволи не се евидентирани дека воопшто постојат во магацинскиот компјутер. Се поставува прашањето зошто? Овој документ открива зошто тоа не е направено. Затоа што исти такви возачки дозволи веќе постојат во евиденциите во МВР. Станува збор за исти такви документи со исти сериски броеви. Станува збор за иста бројка на возачки дозволи 70.000 тип А. Првите 70.000 возачки дозволи се заведени во магацинот на МВР една година и девет месеци претходно, на 7 февруари 2014 година“, објави Спасовски.Министерот имал признание од вработени дека помошникот што работи на оваа област бил известен дека во магацинот се стигнати дупликат возачки дозволи, меѓутоа не реагирал. Кога дознал дека има налог за попис во магацинот, испратил писмо до фирмата добавувач на возачките дозволи. Но, како што изјави Спасовски, тој контактирал со менаџерите на фирмата добавувач и тие сами побарале итна средба со него. Претставниците на фирмата биле изненадени зошто никој не ги известил веднаш за дупликатот на возачките дозволи. „Со дупликатот на возачките дозволи можеби се прави обид за злоупотреба на идентитети на граѓани, за кои што може да биде и мојот и вашиот се разбира. Спречивме злоупотреба на идентитетите, јас не се согласив да бидат повлечени овие 70.000 возачки дозволи од фирмата, туку ќе формирам комисија којашто ќе ги уништи овие формулари и на тој начин спречивме можен криминал. Постојат индиции дека ќе има можеби продажба на возачки дозволи и тука и надвор со одредена цена со којашто се движат тие формулари и ако тоа е така или ако се случува така 70.000 возачки дозволи ќе гарантираат повеќе милиони евра нелегален прилив. И затоа сите овие индиции коишто доаѓаат по ова откривање на формуларите со изненадно влегување на комисијата укажува дека можно е да биле злоупотребени овие формулари меѓутоа да биле злоупотребувани и други документи или идентитети“, рече Спасовски. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември
Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. До 31 декември секоја вечер со почеток во 18 часот ќе има празнична програма, а за дочекот, на барање на градоначалникот ќе пеат македонски музички ѕвезди.
„За првпат по неколку години стагнација во главниот град свечено ја почнуваме новогодишната приказна со церемонија за осветлување на градот поставувајќи темели на новата празнична традиција по примерот на најразвиените европски метрополи. Денес во 18 часот, во срцето на градот, на Плоштадот Македонија свечено ќе биде осветлена новогодишната елка и официјално ќе биде отворен новогодишниот маркет со што симболично го обележуваме почетокот на празничните случувања во нашиот главен град“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски кој смета дека со оваа церемонија Скопје прави значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови.
Во периодот од 15 до 31 декември секојдневно од 18 часот ќе има празнична програма со музички настапи, диџеј сетови уметнички изведби и бројни изненадувања.
Секој викенд од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на најмладите со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања.
„Ова е почеток на нешто ново, магично и возбудливо за нашиот град. Првпат во историјата Скопје ќе ја дочека новата 2026 година со вистинска новогодишна зимска бајка. Настан кој ги обединува сите генерации од најмладите до највозрасните заедно се семејствата, пријателите, сограѓаните. Скопје конечно ќе покаже дека може да биде весел, модерен и динамичен град, град кој наликува на светска метропола во срцето на Балканот“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27 период во кој градоначалникот Ѓорѓиевски смета дека Скопје ќе живее во полн празничен ритам. Напладне на Плоштад Македонија ќе дојде дедо Мраз со подароци и изненадувања за сите присутни.
Посебна можност во празничните денови Град Скопје ќе им даде на талентираните средношколци.
„Публиката ќе има можност да ги слушне најталентираните скопски средношколци кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта на градот Скопје како дел од заложбата за поттикнување на младинската креативност и активно учество во културниот живот на нашиот град. Ги поканувам сите граѓани, сите семејства и посетители заедно да ја започнеме новата традиција и да бидат сите дел од новогодишната магија создавајќи Скопје исполнето со светлина, радост и позитивна енергија“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека имал само една желба околу дочекот, забавата да ја направам домашни музички ѕвезди, па за дочекот се најавени Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огњан Здравковски, Куку Леле, Лара, Пајак, Два Бона и Тина Перовска.
Зимската бајка Град Скопје ја организира со финансиска поддршка од Државната лотарија на Македонија.
Македонија
Минчев: Зајакнувањето на институционалните и финансиските капацитети од клучно значење за ефикасно функционирање на јавната администрација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката помеѓу САД и Северна Македонија“, кој беше во организација на Министерството за финансии.
На настанот се обратија министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-претседателот на Владата на РСМ за политички систем Љупчо Димовски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, кои ја нагласија важноста на партнерството помеѓу САД и Македонија.
Минчев ја поздрави соработката, посочувајќи дека зајакнувањето на институционалните и финансиските капацитети е од клучно значење за ефикасно функционирање на јавната администрација, транспарентно управување со јавните финансии и подобра испорака на услуги кон граѓаните.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека никој не се нафаќа да биде дел од органите на Филипче, тој со Заев ја држат партијата во заложништво
Според ВМРО-ДПМНЕ, единствениот формален функционер во СДС, Венко Филипче, овие денови се соочува со бран незадоволство и непоборлив факт што никој не сака да биде дел од високите органи на партијата.
„Се повеќе луѓе се противат на идејата партијата да биде маша на бизнис крими интересите на Зоран Заев со единствен извршител Венко Филипче.
Партијата е поделена на кланови, на поединци и групи каде што најлојален за пари до Венко е Никола Спасов.
Токму затоа Никола Спасов спроведува сценарио на дефокусирање од вистината и напад со лаги и дезинформации за наводни мигранти и наводно сторен криминал во случајот Томовски. Ниското политичко ниво и изразената некултура во соопштенијата и пресовите на СДС треба да го одвлече вниманието од фактот што денес СДС е во заложништво на бизнис интересите на струмичката фамилија Заеви“.
Венко Филипче, додаваат од партијата на власт, не може да состави основна екипа со која ќе ја владее СДС, партија со само 130 илјади гласови, а камо ли утре да пледира да владее со цела држава.
„Овие денови гледаме како СДС само тоне и станува жртва на сопствената пропаганда. Венко го доуништува и она малку што остана од некогаш големата СДС“.

