Контакт

Македонија

Отсекување на главата на св. Јован Крстител

Објавено пред

Светата православна Црква  на 11 септември го празнува споменот на отсекувањето на главата на свети Јован Крстител.

dobivaj vesti na viber

 

 

Централната богослужба се одржува во Бигорскиот манастир, каде ќе присуствува и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Архиереите на МПЦ-ОА.

 

На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба, за, според зборовите на Типикот, „да не бидеме и ние соучесници во Иродовото чревоугодие“.

 

Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти, распространети ширум светот. Најпосетувани места се оние каде св. Претеча е роден, местото каде што тој ја извршувал својата служба и местото каде што била отсечена неговата света глава.

 

Споменот за св. Јован Крстител интензивно се празнувал уште од почетокот на IV век. Така, празникот Отсекување на неговата глава (29 август /11 септември) започнал да се слави многу рано, а сведоштво за тоа наоѓаме во двете беседи на празникот напишани од Бл. Августин. Нешто подоцна, во V век, беседи на овој празник напишале и Петар Хризолог, Хрисип презвитер Ерусалимски, Василиј Селевкиски, а потоа и св. Андреј Критски и св. Теодор Студит. Во црковните песни и стихири кои ги напишале св. Андреј Критски, св. Јован Дамаскин, како и св. Герман Патријарх Цариградски, Црквата го прославува св. Јован како проповедник на покајанието и Царството Божјо, како најславен пророк меѓу сите пророци, зашто се удостоил да Го крсти Проповеданиот Спасител, но и како, ангел, апостол и маченик.

 

Историските податоци ни зборуваат за тоа дека св. Јован Крстител особено многу се почитувал во Византиската империја. Постоела традиција секој 29 август/ 11 септември царскиот двор да оди во Студитскиот манастир посветен на св. Јован Претеча, за да ја целива неговата глава која се чувала тука. Така знаеме дека во X и XI век, оваа драгоцена реликвија, која била една од најславните реликвии во Цариград, се наоѓала во црквата на овој манастир. Во писмото што Алексиј Комнен му го испратил на Роберт Фландриски, таа е спомната веднаш после реликвиите Христови.

 

 

 

 

За таинствената порака која ја црпиме од личноста на св. Јован Крстител

 

Црквата во личноста на св. Јован Крстител ги гледа сите небесни доблести, сите доблести на сите Пророци, на сите Апостоли, сите Ангели небесни, сите Маченици, сите Исповедници. Зашто Претечата најпрв од сите беше испратен од Бога да Го објави доаѓањето на Спасителот во светот. Прв Го виде Светиот Дух како од небото слегува на Христа, при Неговото Крштение; тој е првиот Евангелист кој ја објави благата вест за приближувањето на Царството Небесно; првиот проповедник кој  на душите во адот им го проповедаше триумфалното Христово слегување во адските простори. Вистински земен ангел и небесен човек, за кого Самиот Господ рекол дека тој не е само пророк, туку и повеќе од пророк, ангел кој е испратен пред Него за да Му го подготви патот. Прв маченик и пример за сите идни маченици кој, како што се вели во тропарот, радосно пострада за вистината, знаејќи дека смртта е само капија што води кон вечноста. Првиот исповедник Божји, кој бестрашно го гледаше Ирод во очи, кажувајќи му дека заради гревот сите закони на небото и земјата се против него.

 

И ете, секогаш актуелната личност и проповед на најголемиот меѓу родените од жена продира длабоко во битието на секој човек и повикува на еден возвишен подвиг и мисија. Св. Јован, со својот громогласен повик оддекнува во пустината на современото привидно радосно живеење, повикувајќи го сиот човечки род, т.е сите нас, кон покајание, кон отворање на срцата за Бога, кон поголема близина со Него и со сите што нѐ опкружуваат. Секој е повикан на таква пророчка, маченичка, апостолска и ангелска служба. Така, современиот христијанин е човек како и сите други, но тој истовремено е и апостол кој Го прославува Бога на секое место, во секоја прилика и според своите дарови и можности. Апостолската дејност станува и негова дејност, која тој доброволно ја присвојува, зашто не може, а да не зборува за радоста која ја живее. Таа радост што го потресува неговото битие го поттикнува да излезе од себе самиот во служба на другите, во служба на вистината, и налик на св. Јован и на сите апостоли, да го освојува светот со добрата и радосна вест за Царството Божјо, за воскреснатиот Христос. Некои излегуваат на јавни места и отворено ја проповедаат Божествената спасителна наука, некои, пак, проповедаат со своето молчење кое зборува, некои предизвикуваат и потрес во современиот дух според кој се живее денес. Едните, сведочејќи ја вистината, ги приклонуваат главите под непријателскиот меч, другите, пак, се овенчуваат со мачеништво однатре, невидливо… Но, секогаш и во секој миг, христијанинот знае дека е повикан да живее ангелски живот: неговиот поглед, збор и делата негови се сведоци на Царството Божјо, кое веќе блеска во него. Тој ги пренесува на небото тежините, слабостите и гревовите човечки, а на земјата ја симнува насмевката на Отецот Небесен. И знае, дека не е доволно само да се проповеда за Христа, туку и да се работи на Неговата нива, од која како плод достоен за покајание ќе израсне љубовта кон Бога и пожртвуваноста за ближните./крај/б/ап/

 

Извор: bigorski.org,mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија

Објавено пред

Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.

dobivaj vesti na viber

„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.

Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.

Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.

Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра

Објавено пред

Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.

Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.

80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.

Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.

Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.

„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.

Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.

Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.

Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.

СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.

„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска

Објавено пред

Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.

dobivaj vesti na viber

„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.

Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.

„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.

Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.

„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.

Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.

„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.

Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија4 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија5 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија5 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион5 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија6 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија7 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет7 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет7 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа8 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет8 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет8 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа8 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион18 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија18 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет21 час

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија24 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...