Македонија
Отстранети полициските блокади од центарот на Куманово
Во саботата во раните попладневни часови се отстранети полициските блокади коишто од петокот беа поставени на двете улици во центарот на Куманово, на коишто се наоѓаат објекти на државни институции, судот и зградата на СВР Куманово.
Според граѓаните, сега слободно се одвива сообраќајот по улиците „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“, кои од петокот беа блокирани. Исто така, не е забележливо зголемено присуство на полицијата во овој дел од Куманово.
Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека споманатата блокада на сообраќајот е поради преземање мерки за зголемена безбедност во Куманово. Претходно во саботата од Регионалниот центар за управување со кризи, соопштија дека добиле известување дека улиците се блокирани поради превентивни полициски активности.
На споменатите две улици се наоѓаат зградите на важни државни институции и установи, како судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски пошти“, и неколку локални подружници на државни институции.
Изминатиот викенд во Куманово беше изведена полициска акција за разбивање на терористичка група, во која загинаа осум полицајци, а 37 беа повредени. Десетина терористи беа убиени, а 30 се предадоа и одреден им е притвор.
Комисија на Владата и на Општина Куманово започна проценка на штетите на домовите на населението, чии куќи беа оштетени и најавено е целосно покривање на штетите. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

