Македонија
Петмина обвинети за производство на дрога и држење на оружје ја признаа вината
Петмина обвинети за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство на дрога“ ја признаа вината, по што судот донесе пресуда по признание на вина, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Лицата се осудени на казни затвор во времетраење од три до пет години.Обвинителството ги товареше обвинетите дека во периодот од ноември 2014 до јули 2015 година со умисла се здружиле за вршење на кривични дела. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со координирано преземање на истражни дејствија, како и употреба на посебни истражни мерки и други истражни дејствија прибра релевантни докази кои ја докажуваат вината на обвинетите. Обвинителниот акт беше поднесен во јануари годинава и тоа против лицата Р.М. за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 и кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, а останатите четворица А.А., З.Б., М.Т. и М.А. за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопштуваат од Обвинителството./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на пензионери на oпштина Центар: Се надеваме дека соработката со Герасимовски ќе продолжи во иднина
Здружението на пензионери на Општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи.
„Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот“, истакна Герасимовски.

На средбата се разговараше и за новата програма во која се предвидува изградба на дом за стари лица, во кој највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена, извести Герасимовски.
Здружението изрази надеж дека одличната соработка со општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски ќе продолжи и во иднина.

Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа, се додава во соопштението од Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

