Македонија
Пријави за обиди за поткуп пред гласањето
Во петокот и саботата се регистрирани три случаи на обиди за поткуп
за гласањето во недела 11-ти декември на предвремените парламентарни избори, информираат невладините организации.
Во саботата набљудувачите на „Цивил“ во Демир Хисар пријавиле дека наводно директори на јавни институции нуделе поткуп за гласање во селата Брезово, Зашле и Мало Илино, а сведок тврдел дека добил 1000 денари поткуп за гласање. За случајот е известена битолската полиција, од каде го потврдуваат настанот, а известен е и јавниот обвинител.
Во петокот ноќта обвинителството издаде судска наредба за одземање видео материјал од наводниот поткуп на гласачи во Кавадарци. Со него ѝ се налага на полицијата да го најде и да го одземе видеото и да му го предаде на обвинителството како евентуален доказ.
Граѓани на Кавадарци вчера пријавија во полиција дека во штаб на една партија се врши изборен поткуп на гласачи кои добивале по илјада денари за глас. И очевидци на настанот тврдеа дека група граѓани од ромска националност излегувајќи од штабот се пофалиле дека наводно добиле пари.
Министерството за вантрешни работи потврди дека интервенирале и за обиди за поткуп на гласачи во петокот во Кочани каде партиски активисти се обидувале за 1.000 денари да земат лични карти на гласачи. Таму вчера околу 19 часот две лица од село во кочанско, пријавиле дека лице од истото село им ги побарал личните карти за да не можат да гласаат за надомест од по 1.000 денари. За овој случај било известено Основното јавно обвинителство и надлежен судија. Кај осомниченото лице и кај уште три лица полицијата пронашла списоци и пари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

