Македонија
По аболицијата на политичарите затворениците со потписи бараат да им се намалат казните
По одлуката на Претседателот, Ѓорге Иванов да ги аболицира политичарите и нивните соработници, повеќе од половина од вкупниот број на затвореници се потпишале на петицијата со којашто бараат и тие да бидат помилувани.
Затворениците преку адвокатите, Звонко Давидовиќ и Душко Јовановиќ не бараат целосно помилување, туку намалување на казните во зависност од волјата на Претседателот. „Осудените лица кои бараат помилување се скромни, не бараат да им се прости казната, зависно од затвор до затвор бараат 30 до 50 проценти намалување на казната. Јас сфаќам дека ова во јавноста на еден начин ќе одекне дека криминалците се бара да се пуштат надвор – не е точно! Тие луѓе се осудени, за она што го сториле веќе ги издржуваат казните, но ниеден од нив нема таква доблест да бара укинување на казната. Свесни се дека згрешиле и бараат само намалување на казната. Треба да се има милост ако споредиме со оние на кои им е дадена. Ако имаше доблест да го направи она што го направи Претседателот, мислам дека и овие луѓе заслужуваат“, изјави Давидовиќ.Од вкупно 3.152 осуденици, досега на списокот којшто ќе биде испратен до Иванов се потпишале 1.803 затвореници од машкото и женското одделение од затворот Идризово, од штипскиот затвор, а адвокатите очекуваат бројката да се зголеми до крајот на денов и да се приклучат затвореници и од другите затвори низ Македонија.По одлуката на Иванов секојдневно се одржуваат протести низ земјава, а граѓаните бараат негова оставка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

