Македонија
Поднесени обвиненија за Груевски, Јанакиески и за Грујевски
Специјалното јавно обвинителство по една година од назначувањето на Катица Јанева за специјален обвинител во четвртокот поднесе две обвиненија за уништување на списи поврзани со работата на системите за следење на комуникациите и за насилните протести што се случија во јули 2013 година во скопската општина Центар.
Овинителката Фатиме Фетаи која ги презентираше случаите не ги кажа јавно имињата на лицата кои се опфатени во двете обвиненија, но од она што е достапно за јавноста, може да се заклучи дека во првиот случај, односно за уништувањето на списите, првообвинет е шефот на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски, и шестмина службени лица вработени во УБК, додека во вториот случај првообвинет за поттикнување на насилство е поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и други високи функционери на власта. Пет лица се обвинети за поттикнување на насилство, а девет лица се обвинети како директни извршители на насилните протести во Општина Центар. Двата предмета се нови, работени по скратена постапка, бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвиненија и да ги достави до Кривичниот суд. Нема мерки за обезбедување на обвинетите бидејќи истрагата е целосно завршена.Уништувањето на списите за работата на системите за прислушување е поврзано со предметот „Тврдина“ којшто беше јавно презентиран, но овие два предмета не се исти, бидејќи во предметот „Тврдина“ на осомничените им се става на товар уништувањето на системите за прислушување.Во „Тврдина“ осомниченма е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во предметот за којшто СЈО поднесе обвинение, Јанкулоска не е обвинета. На првообвинетиот, Грујевски му е одземен пасошот како мерка за претпазливост за предметот „Тврдина“.„Од доказите произлезе дека првообвинетиот во својство на службено лице во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање незаконски формирал комисија за уништување на документација и заедно со шест членови на комиисјата уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат за системите за следење на комуникациите. Според доказите првообвинетиот издал усна наредба за формирање на комисија за попис и годишно уништување на мтеријали иако законот не го дозволува тоа. Целта на фомирањето на комисијата била да бидат уништени сите списи повбрзани со работата на системите за следење на комуникациите покрај уништувањето на самите системи кое беше елаборирани на во „Тврдина“. Во списите имало и класифицирани документи и целото уништување е направено спротивно на законските и подзаконските акти и обвинетите службени лица наместо да ги дадат списите на правно лице кое е задолжено за уништување на спистие, без никаква процедура ги запалиле списите на локација која им била посочена од обвинетот“, изјави Фетаи.Седумтемина обвинети се товарат за кривичното дело фалсификување на службена исправа.Во првиот случај обвинетите се поврзани со неовластеното следење на комуникациит, а за вториот случај надлежноста на ова обвинителство произлегува од содржината на прислушуваните разговори. Овој телефонски разговор беше и јавно објавен а го водат Груевски и Јанакиески кои ги организираат протестите во општина Центар.„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… Во петок ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден да стане и три – четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може ништо да му се направи (на сторителот, н.з), нема тешка телесна повреда тука за кривична, има само за прекршочна“, му вели Груевски на Јанакиески во снимениот разговор. Во јуни 2013 година во општина Центар беше закажана седница на општина Центар за поништување на повеќе Детални урбанистички планови меѓу кои и ДУП-от „Мал ринг“. Спред доказите на СЈО, Груевски, Јанакиески ин други високи функционери го поттикнале членството на ВМРО-ДПМНЕ да организраат насилни протести и да извршат насилство врз градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и членовите на советничката група на СДСМ.Групата била организирана заради наводно рушење на црквата „свети Константин и Елена“, точка која воопшто не била на дневен ред на седницата. Според СЈО, вистинските причини за организирање на протестите биле лукративните мотиви на Груевски и бизнис интересите на партијата на власт.Во насилните протести во Центар беа скршени сите прозорци на бараката каде се одржуваше седницата, а едно лице беше повредено. Како сведок во СЈО изминатите период се појави и Жерновски. И за двата случаи СЈО очекува осудителни пресуди, но до попладнево обвиненијата не се стигнати во Основниот суд Скопје 1. „Патот до правдата е еден. Тој не трпи компромиси во корист на едни, а на штета на други. Не препознава други поделби освен на лица за кои постојат докази дека се сторители и за лица за кои не постојат докази. Нема да има ниту привилегирани, ниту неправедно осудени“,порача Фетаи на крајот од обраќањето./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

