Македонија
Поднесено обвинение против Верушевски за пиштолите

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, за недозволено држење оружје.
Основниот суд Скопје 1 го примил обвинителниот акт којшто е предаден на судија, кој треба да оцени дали ќе биде одобрен.Адвокатот на Верушевски, Агеле Илиевски, изјави дека едниот пиштол неговиот клиент го добил во 1983 година, додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не е потребно да се има дозвола. И вториот пиштол бил регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997 година, од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.Верушевски, освен за поседување оружје, е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи. Овој случај е во фаза на изведување докази пред обвинетите и се очекува тие во текот на неделава да дадат искази во обвинителството./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање, соопшти М-НАВ АД Скопје.
„Основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје“, се наведува во соопштението.
Според М-НАВ АД Скопје, со оваа одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.
„М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Македонија
Османи: Две нови современи градинки во Чаир со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција претстави проекти за изградба на нови современи градинки.
„Чаир има недостиг од градинки, недоволни капацитети и услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој. Имаме градинки каде што три деца делат еден кревет, каде условите во кујните и тоалетите се мизерни, а родителите сами купуваат материјали за своите деца. Тоа мора да се промени“, изјави Османи.
Тој најави изградба на две нови големи градинки со современи стандарди, подготвени од светски познатиот архитект Мишел Ројкинд.
Градинка „Снежана“ е проект кој е мултифункционален и се протега на 40.000 м² на улицата Џон Кенеди.
„На еден простор ќе имаме три функции: паркинг, градинка и училиште со игралиште. Чаир е мала општина и секој метар мора да се искористи паметно и во служба на граѓаните“, истакна Османи. Тој појасни дека подземниот паркинг на две нивоа ќе биде со капацитет од 1.000 паркинг-места.
Градинка „Росица“, пак, е исто така проектирана како современ објект со три нивоа подземен паркинг и голем капацитет.
„Градинка, „Росица“, ќе се гради на површина од 20.000 м² и ќе вклучува: современа градинка со нови услови за престој, исхрана и игра, подземен паркинг на три нивоа со над 520 паркинг-места, како и со простор за игра над објектот, со цел рационално користење на секој квадратен метар во Чаир“, истакна Османи.
Со овие два проекти, ќе го решиме хроничниот проблем со капацитетите на градинките во Чаир и ќе создадеме современи и безбедни простори за нашите деца, додаде Османи.
Тој потсети дека веќе има лично искуство во реализација на вакви проекти, бидејќи токму тој ја обезбеди изградбата и финансирањето на најголемата градинка во Чаир „Бамби“, како министер и член на Владата.
„Јас го започнав овој процес пред години, а сега го продолжувам со визија за секое дете во Чаир да има свое место во градинка“, порача Османи.
Македонија
Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19 и во 22.30 часот.
Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постојните сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.
Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.
„Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Македонската радио-телевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“, се наведува во соопштението.