Македонија
Погодените од поплавите уште пет дена да се ослободат од работа
Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата од седницата одржана во саботата, извести во неделата дека се задолжуваат сите органи на државна управа а се укажува односно препорачува на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016 (понеделник) до 19.8.2016 (петок) вработените во поплавените подрачја, односно оние кои живеаат во Стајковци и Синѓелиќ.
Се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ./крајмтсп/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Македонија
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој беше осуден на 12-години затвор, а последниве осум ги помина зад решетки. Беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.