Контакт

Политика

Ахмети чека „писмени материјали“ од СДСМ за потписите за влада од ДУИ

Објавено пред

Челникот на водечката партија на Албанците во Македонија ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Собранието во четвртокот вечерта за новинарите изјави дека во неговата партија чекаат „писмени материјали“ од СДСM за да свикаат средба на Централното претседателство и да одлучат за натамошни чекори.

dobivaj vesti na viber

„Без да имаме писмени материјали, нема да има потписи од ДУИ. Прво треба да се види што ќе ни достават“, рече Али Ахмети.

По разговорот со Хан кажа дека темата била како Македонија да излезе од кризата. „Можам да кажам дека ставовите ни се идентични“, рече лидерот на ДУИ.

На средбата со Хан, Ахмети повторно зборувал за петте опции кои ДУИ ги има на располагање, и го потенцирал нивниот досега познат став оти на земјата ѝ е неопходно решение. Меѓутоа, продолжи Ахмети, не какво и да е решение, туку онакво коешто ќе доведе до стабилност, зајакнување на мирот, меѓуетничките односи и решение кое ќе осигура реформи и владеење на правото.

На прашањето дали е вистина оти имал средба со претставниците на Алијансата на Албанците за да формираат влада со ВМРО-ДПМНЕ, за што претходно во четвртокот изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Хмети одговори: „Константно разговарам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство. откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата. Нормално е да разговарам со Никола Груевски зошто сме коалициони партнери десет години“.

Според Ахмети, декларацијата на Албанците била потпишана во Тирана бидејќи лидерот на БЕСА не сакал да седне со него на иста маса, па затоа ги повикал премиерот на Албанија.

Ахмети посочи дека Платформата не значи дека бараат „Голема Албанија“, туку дека тоа се нормални барања и потреба на Албанците во земјата .

Во однос на Платформата на Албанците тој истакна дека медиумите ја толкувале погрешно и дека тоа било само изјава на албанските партии во која немало план за голема Албанија или некакви етнички промени. /крај/мф/сн

Македонија

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Објавено пред

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, смета дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„ Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти“ вели Груби.

Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.

„ Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“, вели Груби.

Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Како на дете во ран детски развој, СДС му напишаа упатства на Ковачевски како да се однесува на говорница

Објавено пред

Како на дете во ран детски развој СДС му напишаа упатства како да се однесува на говорница, а потоа и сам призна дека е неспособен, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки за вчерашниот говор на премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„ Ова е соопштение испратено од партијата со неговиот говор, од кое заборавиле да ги избришаат напатствијата кои му пишале во загради, како да се работи за дете во ран развој.

Дезертерот Ковачевски буквално мора да добие инструкции каде во салата седат неговите пратеници и на која страна треба да ја крене раката. Како да се работи за нов терен, којшто неспособниот Ковачевски не го познава и допрва треба да го осознае. Тој вчера од говорница и сам призна дека навистина е неспособен. Но избега да каже кога ќе си поднесе оставка.

Сега откако призна, а бега од оставка, треба да се утврди дали е способен да ја извршува функцијата премиер, со поведување  постапка за одземање на деловната способност. Само судска постапка ќе ги разјасни дилемите. А потоа Ковачевски веднаш ќе треба да си поднесе оставка.

Доколку, пак, постапката утврди дека е способен, тогаш се враќаме на почеток дека Ковачевски лажел и дијагнозата трајна неспособност била всушност времена, но тој злоупотребил свои роднини началници во МО да добие дијагноза трајно неспособен за да не треба да оди во војска и да не треба да ја брани државата во 2001 година“ рече Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инает со Славески и не се тргаше од говорницата

Објавено пред

Театар се случува на седницата на Советот на Град Скопје. Претседавачот Трајко Славески ѝ се налути на градоначалничката Данела Арсовска додека таа го бранеше планот за вработување  на „Водовод и канализација“ за идната година и бараше да се одобрат вработувања на 120 лица. Откако советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ побара советниците да не даваат поддршка за планот, Арсовска од говорница го употреби изразот „рачиња во медот“ додека зборуваше за разрешениот директор Златко Перински. Тогаш во одбрана се вклучи Славески, кого Арсовска го нарече: „Талат Славески“.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи  предвид дека директорот по неговото стапување на функција ги раскина договорите на преку 100 лица во ЈП, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме, за да не го оптоваруваме со товар да се стави во искушение да вработи некого во ЈП во 2023 година“, кажа советникот Малиша Станковиќ.

Возврати и Арсовска.

„Многу чудно е како никој од вас не праша како успеал овој ваш директор на јавно претпријатие да вработи над 100 луѓе за два месеца, ама сега  овој новиов, кој исто така можеби е ваш поддржувач не можеме да знаеме, прејудицирате дека нешто ќе направи во иднина па не поддржувате работа на јавно претпријатие и негова програма. Немојте потоа да барате од овој човек резултати, ако не дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одговорност ако вработи над 100 лица за два месеца, како што вработил оној претходно којшто го фативме со рачињата во медот. Тогаш се бара одговорност. Зошто не прашате како успеал, каде ги најде  овие 120 луѓе да ги вработи за два месеца? Како ги најде? Тој што ги пикнал внатре не им обезбедил решенија за работа бидејќи за тоа треба оглас да се пушти и треба да биде транспарентно. А тој си ги собрал од месни комитети за да земаат пари и пари, неброени пари таму и никого не известил за ништо“, кажа Арсовска.

На ова следуваше реакција од Славески, кој рече дека разрешениот директор на Водовод, Перински, не е медар. Советниците се смееја.

„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а сè уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на ‘Водовод и канализација’ не е пчелар. И јас замолувам, доколку советот има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.

Градоначалничката на Скопје му врати.

„Минатиот пат кога бев на оваа говорница имаше преседан, кога за првпат претседател на Совет исклучил градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник не сум хаусмајстор. Така што, ако зборувате за јавни навреди, кои ги пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за  другите да  слушаат што говорите“.

Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.

„Минатата и оваа седница слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овде има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми, фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.

Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ѝ порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.

„Во секоја реченица градоначалникот употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше  да собере потписи, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беа ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржал кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, ѝ рече Андоновски.

Арсовска имаше одговор и на ова.

„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозвола да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи, ниту треба да услов за некој да му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.

Трајковски ѝ го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.

„Господине Талат Славески јас ве замолувам…“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак ѝ го исклучи микрофонот.

„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија36 минути

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија55 минути

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Свет2 часа

Русија официјално ја призна независноста на Доњецк и Луганск

Русија ја призна независноста на Народните Републики Доњецк и Луганск во границите од 2014 година, објави Кремљ. „ Русија ги...

Македонија3 часа

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија3 часа

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет6 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет6 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет6 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет6 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија6 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет19 часа

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија20 часа

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ21 час

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија23 часа

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...

Македонија24 часа

Жестоко препукување на директорот на ЈСП и советник на ВМРО-ДПМНЕ за автобуските линии

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски, кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од...

Македонија1 ден

Заменичката на Арсовска поднесе оставка, Град Скопје реагира дека ја ставила партијата пред скопјани

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, која дојде од редовите на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од функцијата. Абази образложи...

Македонија1 ден

Ковачки до Ковачевски: Македонија не се сака со затворени очи, не се брани под јорган

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ бара да се провери дали премиерот Димитар Ковачевски има деловна способност. Остана на ставот дека...

Македонија1 ден

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета...

Македонија1 ден

Македонија ќе добие четири милиони долари од продажбата на вилата на СФРЈ во Њујорк

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина,...