Контакт

Политика

(Видео) Стоилковски: На вечерашниот состанок на ЦО, Заев да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ

Објавено пред

Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ. Граѓаните на избори веќе му кажаа дека треба да си замине заедно со криминалната, расипничка и антидржавна политика што ја практикува повеќе од две години. Заев загуби во повеќе од половината општини во Република Македонија бидејќи лагите и измамите веќе не минуваат, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници.

Зоран Заев мора да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ и за лагата дека датата „кристално чиста е добиена уште лани“. А и за ветувањата од него дека Бујар Османи ќе одговара, дека ќе има кривична за него заради криминал.

ЦО на СДСМ мора да ја смени и Рената Десковска заради сите проблеми во правниот систем, а претходно и во образованието. Единствено што сработи е селективната амнестија и отповикување на неотповикливата оставка на директорот на затворот Скопје.
ЦО на СДСМ мора да го смени Дамјан Манчевски, познат како Дамјан на Рада, заради 3.000 нови вработени во администрацијата, спроведувањето непотизам и партизација на општеството на администрацијата која нели беше преполна и тешка.
ЦО на СДСМ мора да го смени Оливер Спасовски заради неуспехот да се справи со расцветаните криминал, убиства и корупција и особено заради меѓународни документи кои покажуваат спрега на власта и заштита на криминални групи.
ЦО на СДСМ мора да бара смена на Венко Филипче, заради пропаста на јавното здравство и секојдневни криминални тендери и приватизирање на здравството, додека повеќе од една година беснее епидемија на сипаници, нема ниту посочување на жариштето, на изворот, а се врати и шугата!
ЦО на СДСМ мора да ја смени Мила Царовска заради кратењето на пензиите и забошотената афера со пензискиот фонд! Уште повеќе заради нејзината поврзаност со летање дронови на државна сметка.
ЦО на СДСМ мора да го смени Горан Сугаревски бидејќи две години нема ниту еден метар асфалт ставено низ Република Македонија, а два автопати стојат во место!
ЦО на СДСМ мора да ги смени Кочо Анѓушев, но и Драган Тевдовски заради колапсот на економијата, бруталното задолжување и криењето на јавниот долг, додека нема ниту една инвестиција, и ниту една нова фабрика низ земјава.
ЦО на СДСМ мора да ги смени и казни блиските советници и соработници на Заев кои како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги.
ЦО на СДСМ мора да ги смени пратениците и градоначалниците од СДСМ заради трговија на црно и деспотско однесување. Но тие му се потребни за да му минува семејниот бизнис!

Зоран Заев наместо државни функционери, ги менува своите послушници во општинските партиски канцеларии, после изборниот неуспех, само во обид да го намали незадоволството и разочарувањето во СДСМ од него. Ќе постави свои нови луѓе за да може да добие уште малку време и да си овозможи поблаго атерирање по падот од власта!“ порача Стоилковски.

Македонија

(Видео) Стоилковски: ЈО да одговори дали бизнисмен бил рекетиран со снимки на кои е со малолетнички

Објавено пред

Новинар што го обзнани целиот случај „Рекет“, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“, а потоа и „дека роднина на бизнисменот бил убедуван да плати рекет кај Боки“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција.

Како што рече тој, ова отвора повеќе дилеми за тоа кој изнесувал податоци од УБК, кој се бил дел од рекетот и најстрашното, дали македонски бизнисмен навистина имал компромитирачки материјали со малолетнички.

„Имајќи предвид дека, ако е точно, институциите имале сознанија за последното, за злоупотреба на малолетници, наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран“, посочи партискиот портпарол.

Стоилковски рече дека по една недела откако покренал сомнеж и го повикал ЈО да го разгледа овој случај, од таму има само молк.

„Македонија е соочена со Републички Јавен Обвинител, кој што признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека оваа ситуација е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи и дека поради тоа се потребни итни избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Целта на Заев е да создаде нова Катица Јанева

Објавено пред

На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи прогонoт против политичките неистомисленици, порача на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што кажа тој, брзоплети и експериментални решенија по нарачка на Заев наместо право и правна држава може да донесат само нов хаос и правен пазар.

„Не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, Специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис, ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти“, истакна портпаролот на опозициската партија.

Тој се повика и на членот 60 од законот за Јавното обвинителство според кој е предвидено јавниот обвинител да се оддалечи од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.

„Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна“, посочи Арсовски кој нагласи дека обидите да се создаваат решенија по мерак на Заев се атак директно врз правдата во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Спасовски го партизира и приватизира МВР

Објавено пред

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, обвини на прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Како што рече тој, октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира.

„За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место“, нагласи членот на опозициската партија.

Ѓорѓиевски обелодени дека Спасовски на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска, а како што кажа, работно место во МВР добил и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.

„Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски“, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто се блиски до него, како Игор Стефановиќ, сопственик на „Оли травел“, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.

„Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема. Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие“, истакна претставникот на опозициската партија и порача дека е време министерот Спасковски заедно со премиерот Зоран Заев, да заминат во историјата на македонската политичка сцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија2 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија2 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион3 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ3 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет3 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет4 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион16 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија22 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија23 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет24 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Досие