Политика
ВМРО-ДПМНЕ: За Заев платформата е пред државните и националните интереси

Меѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја одбра платформата, а Тиранската Платформа значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овој пат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Зоран Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овој пат тој ја продава цела Македонија, само и само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот, велат од партијата.
Зоран Заев играјќи по нотите од Тирана е спремен да направи Влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет, додаваат од таму.
„Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен народ“, порачуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата Влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ, велат од партијата.
Крајно време е Зоран Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ да смогне сили и да и каже не на Платформата од Тирана, да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската Платформа, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку пак Зоран Заев до таа мера е импресиониран од Платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана, заклучуваат од партијата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.