Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто воопшто да се отвора дијалог за химната, знамето и грбот?

„Зошто би се отворал дијалог за химната? Зошто би се отворал дијалог за знамето? Зошто би се отворал дијалог за грбот? Зошто воопшто би се разговарало за било што од чувствутелните точки во кои задираат во идентитетските прашања, доколку СДСМ и Заев немаат ветено дека истите ќе ги менуваат под уцена?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира јавноста дека и банкнотите ќе бидат двојазични, а ќе се менуваат и униформите на војската и полицијата. Затоа ДУИ ја информира јавност дека Македонија ќе се осуди сама себе за геноцид врз Албанците“, додаваат од партијата.
„Сето ова ќе биде сторено само Зоран Заев да дојде на власт. Тој и криминогеното раководство на СДСМ се уценети. Нивната ниска точка на топење е проблем за целата држава. Трагедијата е во тоа што не само сегашната туку и сите идни генерации ќе плаќаат за криминалот на Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ треба да се свестат и да увидат каква штета предизвикуваат врз државните и националните интереси. Грбот не смее да го сведат на едно евро за Вицето. Знамето не смее да го сведат на криминалот со Цареви кули. Химната не смее да ја сведат на Струмица гас. Идентитетот не тежи исто колку бомбона бизнисот или становите на Радмила Шекеринска“, велат од партијата.
„Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси. Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот. Наше е да го послушаме“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доаѓаат локални избори. Разбирлив е стравот што го има СДСМ. Знаат дека платформата од Тирана е катастрофална за Македонија. Затоа кријат што договориле. Сепак судот на народот е последен. Платформата беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат“, велат од партијата.
„Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Коњановски: Во време на енергетска криза се префрливме на регулиран пазар и заштедивме 38 милиони денари, средства за капитални проекти, и наместо власта да го поздрави ова, тие ни се закануваа

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешната дебата насловена „Важно е да нема опструкции за работа на општините“ во рамки на теренската акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ вели дека се соочувале со опструкција од страна на централната власт за време на енергетската криза.
Коњановски објасни дека во време на енергетската криза добивале енормно високи цени за улично осветлување односно за еден месец им стигнало сметка од 7,5 милиони евра, па во консултација со стручните лица им било сугерирано од слободниот пазар да се префрлат на регулиран пазар, што го овозможува и законот за енергетика, додавајќи дека по промената цената на сметката значително се намалила.
Првата фактура која ја добив беше сметка за потрошена електрична енергија за улично осветлување во висина од 7,5 милиони денари. И кога прашав која беше претходната сметка која ја имаше добиено општината таа изнесуваше 1,7 милиони денари. Можете да замислете за какво зголемување стануваше збор. И следниот месеци имаше уште поголемо зголемување, вели Коњановски.
Луѓето кои добро ја познаваат оваа проблематика ни сугерираа да се најде едно итно ургентно решение и тоа беше префрлање од слободниот пазар на кој бевме до тогаш изложени на регулиран пазар. И ако на слободниот пазар сумата која ја плаќавме по мегават час беше некаде од 500 до 600 евра, на регулираниот пазар беше 120 евра по мегават час. Тоа значеше големо растеретување. Ги искористивме регулативите од законот за енергетика кој тоа го овозможуваше, броилата да се префрлат на јавно претпријатие кое го поседуваме или на нов правен субјект, а условот беше јавното претпријатие да нема профит поголем од 2 милиони евра и да нема повеќе од 50 вработени. Тоа го ускладивме сите општини и сметките паднаа драстично, изјави тој и додаде дека наместо ова да биде поздравено од страна на централната власт на СДС, добиле закани.
Но, се соочивме со закани дека сме направиле прекршок и дека тоа не сме смееле да го правиме, иако се беше законски. Наместо да го поздрави она кое што законски сме го направиле, се соочивме со закани. Ние сакавме да ги заштитиме граѓаните од општините средствата кои ги издвојувате да одат за капитални инвестиции, кажа Коњановски.
Коњановски нагласи дека со префрлање на општината на регулиран пазар, општината Битола заштедила 38 милиони денари од месец мај до декември, укажувајќи дека тоа се средства за нови инвестиции во општината.
Конкретно за општина Битола дека заштедата од месец мај до месец декември 2022 година кога го направивме овој потег изнесуваше 38 милиони денари. Тоа се огромни средства за секоја општина и со тие средства можете да направите нови инвестиции, рече Коњановски.
Коњановски се осврна на одземање на ингеренциите од страна на власта во делот на назначување на директори во основните училишта, како и на блок дотациите за кои што рече дека иако министерството за финансии вети зголемување на блок дотациите тоа не го направи.
Минатата година од сопствен буџет за основното образование од општина Битола се издвоија 42 милиони денари, а оваа година таа сума ќе изнесува 50 милиони денари. Министерството за финансии кажа дека ќе ги зголеми блок дотациите, но не ги зголеми, вели градоначалникот Коњановски.
Македонија
Ристески: Власта за некој е мајка, а за некој маќеа, министерот Пенов е еден нем посматрач во целокупната проблематика која ја имаат општините

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Важно е да нема опструкции за работа на општините“ која се одржа во Берово зборуваше како кризата влијае врз општините. Тој нагласи дека сите проблеми со кои се соочува Република Македонија се поради катастрофалното владеење на СДСМ и ДУИ.
-Една интересна дебата која е во контекст со сите оние проблеми со кои се соочува цела Република Македонија од ова катастрофално владеење на чело со СДСМ и ДУИ. Најголеми импликации од таквото владеење имаат секако општините и градоначалниците кои се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а преку тоа тие реперкусии се одразуваат и на сите граѓани во тие општини во Република Македонија, рече тој.
Ристески посочи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наследија многу катастрофални состојби кои беа поради неспособноста на власта да се справи со економската, енергетската и ковид кризата.
-Морам да напоменам дека овие градоначалниците навистина начекаа еден многу тежок момент кога со поставувањето и изгласувањето нивно за градоначалници во нивните општини, бидејќи наследија многу катастрофални состојби пред се катастрофално финансиски општини со големи долгови, исто така кадровски неекипирани, општини без проекти исто така тоа надополнето со големи кочници од страна на централната власт. Но сето тоа го предизвика и економската криза, енергетската криза и ковид криза која што за жал го зафати целиот свет, Балканот, а посебно Македонија поради не добрите владини политики. И тоа не знаење на власта, недоброто менаџирање со целокупната криза успешно ја префрлија на општините со две цели да прикажат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не знаат да се сносат со проблемите, недобро работат, да прикажат лоша слика во тие општини и од друга страна она што беше нивна обврска, најлесно беше да се префрли на друг, а кој ако не општините кои имаат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ристески.
Ристески кажа дека и Министерството за локална самоуправа е еден нем посматрач во целокупната оваа проблематика.
-Да напоменам и тоа дека имаме влада која што спрема општините се однесува за некој мајка за некој маќеа, а тоа можат да го кажат и градоначалниците од свое лично искуство. Да напоменам дека и ресорното министерство кое што треба да се грижи за развојот, за унапредувањето на децентрализацијата, посебно фискалната децентрализација, приливот на финансиски средства од централниот буџет на локално ниво, министерството за локална самоуправа претставува еден нем посматрач во целокупната оваа проблематика, рече Ристески и се осврна на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и нагласи:
-Иако имавме најaвување пред две години на голема врата, на рехабилитираниот пензионер, господинот Пенов, кој го најавија како големо засилување во владата и неговото поставување како министeр за локална самоуправа, очекувавме да даде дел од „своето големо политичко искуство“ и како екс градоначалник во подобро функционирање на ова министерство да биде еден вид спој на централната власт со општините. Но, освен неколку настапи и промоција на почетокот на неколку медиуми како негово назначување за министер и некоја ретка средба во текот на овие 2 години во општините повеќе протоколарно и негово фалење на сите оние грешни политики кои ги прави актуелната власт, ние немаме видено некоја конкретна активност, додаде Ристески.
Македонија
Николовски: Стартува најважниот енергетски проект Чебрен, СДСМ гради за иднината

Енергетските успеси се реалност. После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартуваме со реализацијат на најважниот енергетски проект, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра, рече на денешната прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.
– Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја. Придобивките од овој историски проект се големи, во делот на енергијата, но и земјоделието, за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдувањето. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација. Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш го внесуваме во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен, – рече Николовски.
Тој додаде дека целата инвестиција од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост.
Според Николовски, хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија.