Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Реализацијата на платформата од Тирана претставува редефинирање на Македонија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ целосно се спротиставува на обидите да се игнорира и изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на останатите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата „За подобра Македонија“.

 

Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на останатите етнички заедници во подредена позиција, порачуваат од партијата.

 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ без учество на ДУИ во идната извршна власт.

 

Дел од членовите на Предлог законот за јазици на кој што се согласил СДСМ, а беа обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси. Ваквите предлози и отстапки на СДСМ може да предизвикаат долгорочна штета и носат огромен потенцијал за да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период. Истовремено, голем дел од решенијата кои беа обелоденети со ништо нема да им помогнат за подобар живот на Албанците во Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Одговорноста за ваквата ситуација е целосно на товар на СДСМ кој не ја доби поддршката од граѓаните на предвремените парламентарни избори и се обидува на срамен начин, преку тргување со државните и национални интереси да обезбеди поддршка за формирање влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Извршниот комитет заклучи дека партијата и избраните пратеници ќе се спротивстават на донесувањето на ваков катастрофален закон и ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на мнозинството, порачуваат од партијата./крај/мф/бс

Македонија

Работната група ја усвои Предлог иницијативата за уставните измени, соопшти Министерството за правда

Објавено пред

Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Предлогот, како што информираат од ѕтаму, ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Објавено пред

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.

За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.

Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.

„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.

Дополнува дека многу ветерани од УЧК се вработени во државните институции, како на пример во полиција, АРМ и слично.

Најголем дел, според него, се згрижени од државата за разлика од бранителите кои се оставени на улица, на маргините на општетството.

Реакцијата на Меџити, според Ангелов е само евтин популизам за политички поени, и не му предвидува успешна политичка кариера.

Поопширно со директорот на ЦУК и лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов, во интервјуто за „Макфакс“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски најави воздухопловен тим за здравствен транспорт на лица низ државата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово, која во рамки на МВР постои веќе 54 години. Министерот Спасовски оствари работна средба со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следеше разгледување на воздухопловите и опремата за нив, поставени на платото пред хеликоптерските хангари во Идризово.

dobivaj vesti na viber

Спасовски најави нов проект – тим од МВР и тим од Министерството за здравство за здравствен транспорт на лица низ државата.

„ Се надевам дека во најскоро време ке го започнеме тој проект, да комплетираме еден целосен тим од МВР со целосна опрема за еден воздухоплов и од Министерство за здравство за здравствен транспорт на лица низ државаѕа. Тоа ќе биде за првпат од постоењето на оваа единица во изминатите 54 години“ рече Спасовски.

Меѓудругото, Спасовски рече дека е инвестирано и во опрема за гаснење на пожари.

„Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, Единицата беше опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ и овие хеликоптери веќе ги видовме на дело”, рече Спасовски.

За да се овозможи успешно користење на опремата, како што рече, се воспостави соработка со словенечката полиција, од чија страна беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари.

„Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени”, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека за првпат македонската полиција ќе одржува флота на македонската армија, пред се хеликоптери од типот „Бел“ 206 и „Злин“.

Спасовски додаде дека можат да се пофалат дека имаат и жена пилот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура. Нејзиниот татко...

Топ13 часа

Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина

Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир. 41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од...

Македонија14 часа

Законите за „Бехтел и Енка“ на тест кај Пендаровски

Собранието даде зелено светло, сега претседателот Стево Пендаровски ќе го каже својот став за законските решенија за реализација на договорот...

Македонија15 часа

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски....

Регион15 часа

Српскиот министер за одбрана избран за претседател на партијата на местото на Вучиќ

На седницата на вонредното собрание на партијата во Крагуевац за претседател на Српската напредна партија е избран актуелниот министер за...

Македонија17 часа

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета...

Топ18 часа

Автомобил прегази пешак на улица во Скопје

Педесетгодишен скопјанец е прегазен синоќа од автомобил на улицата Ацо Шопов. „Патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано...

Регион21 час

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста – што правел во деновите пред злосторството и какви односи имал со другите

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија во средата беше...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат...

Регион22 часа

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство....

Македонија23 часа

Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици

Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик. Оваа учебна година за државната матура се пријавиле...

Регион1 ден

Вучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така...

Регион2 дена

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава...

Македонија2 дена

Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја...

Регион2 дена

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили...

Македонија2 дена

Сенаторот Марфи уставните измени ги нарече технички и укажа дека со неусвојување ќе го загрижиме НАТО

Американскиот сенатор Крис Марфи ги нарече технички уставните измени кои треба да се донесат за членство во Европската Унија. Тој...

Македонија2 дена

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека...

Македонија2 дена

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001...

Македонија2 дена

(Видео) Историчарот Светозаревиќ до Бугарите: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не...