Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Ја отфрламе Тиранската платформа и се спротивставуваме на нејзината реализација

ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека Тиранската платформа е против уставна, а нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација и растурање на државата.
„ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли Тиранската платформа и остро се спротивставува на нејзиното реализирање. Таа претставува класична уцена и со неа се поткопува и руши уставниот поредок во Република Македонија“, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го обвинува СДСМ што во целотст ја има прифатено Платформата од Тирана.
„Тоа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно пред преставник на ДУИ рече дека СДСМ се согласува со точките од платформата.Затоа целосно се излишни секаков вид понатамошни изговори и измислици со кои ќе се обидат да ја релативизираат реалноста“, рече Јовановски на прес конференцијата во петокот, додавајќи дека само нови избори ќе помогнат за излез од кризата.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаневска посочи дека „учениците што стекнале право на стипендија во оваа учебна година не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а којзнае кога ќе им се исплатат парите на оние што ќе се најдат на списоците“.
„Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави, да го зголеми тој износ. И сè ова е малку, па натаму додаваме. Учениците запишани во математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите“, порача таа.
Македонија
СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против членството на државата, им служи на туѓите интереси и дејствува по туѓа агенда. Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Фотографирани со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачкиот СДСМ.
Од партијата велат „за инцидентот постапува Обвинителството откако МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно“.
„Насилство од каков било тип е неприфатливо исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани. И додека СДСМ ги остварува стратешките цели, ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, Мицкоски се натпреварува со Левицата во тоа кој е поголем противник на ЕУ. На државата не ѝ потребно потпалување на атмосферата, туку продолжување на европскиот пат, обезбедување на уставните измени за интеграција во ЕУ“, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги кријат и јавно да кажат кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија

„Поданичкиот однос на Владата придонесе Македонија да биде понижувана од Бугарија. Виткањето ‘рбет е причина на барањата на Бугарија, кои секој ден се сè повеќе. Оваа власт трајно ги оштети македонските позиции и ја стави државата во подредена положба. Цела извршна власт со денови не може да одлучи дали некого прогласува или не персона нон грата и наместо реална реакција, само подгрева атмосфера, а потоа се повлекува“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачуваат „Македонија не смее повеќе да биде ставана на позиција за поткусурување по потреба на Ковачевски и Османи“.
„Затоа бараме:
Прво, власта на Ковачевски и Пендаровски да не ги крие и јавно да ги каже што се тие агентурни мрежи и странски агенти, кои работат преку здруженија и фондации за поттикнување антимакедонски ставови. Второ, финансиските институции да го проверат финансирањето на некои од овие здруженија, како и потеклото на парите, бидејќи со овие здруженија се шири антимакедонска политика.
Трето, Владата да се заинтересира за дејствувањето, целта и за постоењето бугарско здружение во Корча, соседна Албанија, каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама ниту од властите во Албанија, на кој начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија, кое што таму живее со векови.
Четврто, Владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на кое било отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротивстават на отворената кампања против Македонија.
Петто, бараме македонската Влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик, како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.