Контакт

Политика

Груевски за Дневник: Ќе се обидам да составам влада но не по секоја цена

Објавено пред

Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена. Ако сé оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада, но доколку се прекршат сé е можно, вели во интервјуто кое целосно ќе биде објавено во понеделникот во дневниот весник Дневник, челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во врска со платформата што по што во саботата ја објавија трите албански партии застапени во парламентот ДУИ, Движењето Беса и Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

Албанските партии во Македонија во саботата објавија дека ја усвоиле заедничката платформа, зад која стојат ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада, и во која се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален, економска рамноправност, со учество на албанските партии да се реши спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Оваа заедничка декларација доаѓа десетина дена по средбите во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, и два дена по средбата во Приштина, на покана од косовскиот претседател Хашим Тачи. По овие две средби беше најавено дека челниците на ДУИ, Али Ахмети, на Преродба со БЕСА Биљал Касани и на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе излезат со заедничка платформа која ќе биде став за преговорите со големите политички блокови на Македонците, за формирање коалициска влада.

Дневник: Меѓу албанските партии се креира заедничка платформа за настап. Се создава атмосфера овојпат да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ?
Никола Груевски: Да, повторно таа атмосфера како и во минатото и сега се создава од медиумите и лицата што водат или припаѓаат или се соработници на НВО финансирани од Институтот Отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок, затоа што на крајот финалната одлука е наша.

Во 2008 година, продолжува Груевски, македонскиот електорат, особено вмровскиот, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во владата, вели челникот на ВМРДО-ДПМНЕ одговарајќи на забелешката дека повеќето албански политичари и аналитичари тврдат дека албанскиот дел од електоратот во Македонија посакува влада која ќе ја води СДСМ заедно со другите албански партии

На додатната забелешка, пак, дека сега и албанските медиуми биле со истиот став за коалиција меѓу албанските партии и македонските социјалдемократи, Груевски кусо одговара и дека исто расположение преовладувало во 2008-та кај македонските медиуми

„Не знам дали така размислува членството на ДУИ, но знам како размислуваше членството на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па донекаде и во 2011 и 2014. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ тогаш се одлучи да коалицира со ДУИ, затоа што беше очигледно од изборите дека мнозинството граѓани Албанци сакаат ДУИ да е во владата“, додава Груевски

Кога станува збор за формирањето на првата влада на Груевски во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ, како и во периодот 1998-2002 година коалицираше со албанската партија ДПА, Груевски вели дека во 2006-та „ниту можеше да биде поинаку кога не само што воопшто не се познававме, туку сé уште беа свежи нашите спротивставености од времето на конфликтот во 2001 година, кога бевме на две спротивни завојувани страни“. „Сепак, и ние политичарите, но подоцна и нашите електорати најдовме сила да ги надминеме тие предизвици“, заклучува Груевски во врска со прашањето на коалицијата со ДУИ..

Притоа Груевски истакнува дека е јасно оти ДУИ има право да донесе одлука каква што смета дека му е најдобра, исто како што тоа може да го стори и ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали тоа се однесува на евентуалноста ДУИ сега да не го почитува од нив воспоставениот принцип на коалицирање меѓу двете победнички партии во двата етнички електорати, Груевски одговора дела мислел генерално дека „секој си носи одлука самиот…“ и притоа порачува дека тоа ќе значи воспоставување нова практика на која ќе се прилагоди и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сега ДУИ отиде во коалиција со втората, наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи воспоставување една нова практика и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се приспособиме, не само сега, туку и во иднина“, вели Груевски.

На следното прашање во истиот контекст, Груевски прецизира дека „доколку ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата, и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква и да е обврска при составувањето на владата“.

На прашањето дека сега најголемиот број партии на Албанците во Македонија излегуваат со заедничка платформа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека неговата партија предводи коалиција од околу 25 партии со заедничка платформа. „Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега“, подготвен е Груевски.

„За мене најважни се интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците. Инаку, верувам дека се свесни дека во коалиција со СДСМ, платформата која им ја составуваа, политички може да му помогне најмногу на СДСМ кај албанскиот електорат“, одговара Груевски на прашањето за изјавата на челникот на ДУИ, Али Ахмети, дека за него најважни се интересите на Албанците и платформата на сите албански партии.

„На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики, и се вработат илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и поквалитетен живот, ако пораснат пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната инфраструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред“, го појаснува Груевски своето размислување за она што им е потребно на албанските граѓани во Македонија./крај/мф

Македонија

Ако не ни ги прифатат барањата, продолжуваме со поригорозен штрајк, порачаа судските административци

Објавено пред

Штрајкот во Обвинителството ќе продолжи. Од УПОЗ велат дека добро е што е формирана работна група за да се решат нивните барања, но дека преговорите не смеат да се одолжат.

dobivaj vesti na viber

Рекоа дека очекуваат работната група да почне да работи за седум дена и дека на првата средба ќе бараат дефинирање рокови, односно работната група да си ја заврши својата работа за десет дена.

„Доколку не ги прифатат нашите барања, штрајкот ќе продолжи во поригорозен начин и нема да се работат никакви задачи во Обвинителството. Ако не се договориме, очекуваме да ни се приклучат и колегите од судовите и колегите од правобранителството“, рекоа од УПОЗ.

Остануваат на своите барања за покачување на платите од 78 проценти и им порачуваат на надлежните институции сериозно да ја сфатат ситуацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на терен ќе ги слушне проблемите на граѓаните и ќе бара решенија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ја почна акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, со која планираат да ја поминат цела Македонија директно од терен да разговараат со граѓаните, организации, здруженија, целни групи и да ги слушнат од прво лице проблемите на граѓаните и да понудат решенија, кои ќе биде содржани во програмата што ќе биде дел од кампањата за следните парламентарни избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Еден нов пристап на неколку месеци пред почеток на кампањата сакаме јасно да ги дефинираме приоритетите на нашите граѓани, на економијата, на целните групи, на луѓето што денеска се во Македонија и кои денеска се грижат и им значи Македонија да успее.

Затоа велиме дека е важно, алармот е вклучен и ние цениме дека со оваа акција можеме навистина да имаме една исклучително содржајна кампања. Почнуваме токму овде од Охрид со мене тука е и градоначалникот, претседавачот на Совет и пратениците, и сите оние кои што се дел од администрацијата во Охрид, дел од структурата овде во општина Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера да реалоцира од централниот буџет за проекти во Охрид средства до 8 милиони евра годишно или за 4 годишен мандат 32 милиони евра. Тоа се навистина значајни проекти, на дел од тие проекти како што е проектот за канализација и пречистителна станица во населеното место Трпејца ќе посветиме посебно внимание денеска. Но, не е само тоа, тука се и други проекти, нов водоснабдителен систем наречен проект Свиништа, односно проект кој што ќе биде помеѓу 8 и 9 милиони евра со кои што според тоа што го добиваме како информација би се обезбедило стабилно навремено снабдување на Охрид со вода би рекол а следните 50тина години, без разлика на пикот на туристичката сезона. Но, и не само тоа, и други канализациони мрежи во други населени места, училишта, инфраструктурни проекти, катна гаража која што се планира во центарот на градот итн.“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека голем дел од тие проекти планираат да бидат реализирани како реалокација од централната влада.

„Јас можам да сумирам и да им честитам и на Пецаков и на советниците кои што ја поддржуваат работата на Пецаков и на администрацијата, за тоа што е направено до сега во овие речиси две години локална самоуправа под раководење на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, да ги охрабрам да продолжат свесни комплетно за тешката ситуација со која што се наоѓа општината. Но и свесни комплетно за односот на централната влада кон општината и кон охриѓани, бидејќи знаете дека тие секаде онаму каде што во 2021 година имаше победа на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат насилнички, се лимитираат, се кратат средства, не се инвестира итн. Нешто што нема да биде пракса за идната влада за неколку месеци од денеска“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Предлог-законот за правда на децата до крајот на октомври ќе биде доставен во владина процедура

Објавено пред

Во изработката на законот за правда на децата учествуваа сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации. Работната група за подготовка на предлог-законот во процесот на консултации со засегнатите страни посвети особено внимание на препораките за подобрување на законодавната рамка за правда за деца изработени од УНИЦЕФ во Македонија, велат од Министерството.

dobivaj vesti na viber

„Со предложените решенија направен е значаен исчекор со додефинирање на најдобриот интерес на детето, а се очекува да се зајакне и улогата на центрите за социјална работа во примената на ресторативна правда, односно вонсудските постапки за дејство на дете, што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, и да се зголеми заштитата на деца жртви од секундарна виктимизација во согласност со европските стандарди.

Особено се значајни предложените решенија во членовите 97 и 98, во кои е транспонирана директивата на Европскиот парламент за процедурални заштитни мерки за деца што се осомничени или обвинети во кривична постапка и во нив се уредува правото на дете на поука за правата и право да биде придружувано од родителот/старател во текот на испитувањето пред органот што ја води постапката или од друго полнолетно лице определено од детето“, изјави министерот за правда, Лога.

Тој додаде дека ќе се реафирмира системот на специјализација на субјектите во системот на правда за децата со тоа што стручните работници во центрите за социјална работа, судии, јавни обвинители, адвокати и медијатори мора да присуствуваат на специјализирана обука за права на детето и детско престапништво од најмалку пет дена во текот на годината во земјата или странство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кај „Треска“, место 12.500, ќе има над 33.000 жители, Уставен одби да го преиспита планот

Згасна и последната надеж на жителите на Центар за спречување на бетонизацијата на местото на поранешната фабрика „Треска“ оти Уставниот...

Македонија2 часа

Фирма во Македонија рекламирала чаеви користејќи лажно имиња на тројца лекари

Скопското Обвинителство до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице и фирма, кои се обвинети...

Топ3 часа

Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за насилство. На 30 септември, во кафе-бар на улицата Генерал Васко...

Македонија4 часа

Ако не ни ги прифатат барањата, продолжуваме со поригорозен штрајк, порачаа судските административци

Штрајкот во Обвинителството ќе продолжи. Од УПОЗ велат дека добро е што е формирана работна група за да се решат...

Македонија4 часа

Лидерите да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија, порача американската амбасадорка Агелер

Политичките лидери треба да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер, одговарајќи...

Економија5 часа

Македонците почнаа да плаќаат 30 отсто поевтин роаминг во ЕУ, во 2028 година цените ќе бидат исти како дома

Договореното намалување на трошоците за роаминг е веќе во сила и Македонците што патуваат надвор од државата имаат 30 %...

Европа6 часа

Шарл Мишел: Украина може да се приклучи на ЕУ во 2030 година ако двете страни си ја завршат домашната задача

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година...

Македонија7 часа

Поведена постапка за делови од Законот за средното образование, кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот...

Македонија8 часа

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, има уште еден активен пожар

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева,...

Европа8 часа

(Видео) Идентификувани 11 повредени во сообраќајната несреќа кај Венеција, многумина се на интензивна нега

Работник од Гамбија, кој работел во „Финкантиери“, заедно со својот колега стана еден од хероите на спасувањето патници од автобус....

Свет9 часа

(Видео) Пукање на универзитет во Балтимор, САД, неколку повредени

Неколку лица се повредени во пукотница во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор доцна синоќа, соопшти полицијата во градот на...

Регион9 часа

(Видео) Голем пожар во компанија во Осиек: „Не останувајте на отворено“

40-ина минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанијата „Драва интернешнл“ во населбата Брјест во Осиек. Гори пластична маса...

Европа10 часа

(Видео) 21 лице загинаа во страшната несреќа кај Венеција, меѓу загинатите и две деца

Најмалку 21 лице загина кога автобус излетал од надвозник во близина на Венеција. Scene in Venice, Italy where a bus...

Македонија17 часа

(Видео) Мечка и вечерва се спушти во Жировница

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка во селото Жировница. „Вечерва низ тесните улички...

Македонија18 часа

Ако секој политичар јасно ги кажува ставовите државата ќе оди напред, рече Спасовски

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди...

Регион19 часа

Османи за „Си-ен-ен“: Потребни се санкции против Србија, сакаме Радоичиќ да биде екстрадиран во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и дека меѓународната заедница треба да воведе санкции кон...

Македонија21 час

Нема да има отстрел на мечки: проблемот ќе се решава преку чистење на ѓубрето, посебни хранилишта, обезбедување на имотите

Владата, на денешната седница, го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување...

Македонија24 часа

Народниот правобранител најави постапка, а инепкторатот надзор во „Демир Хисар“ по случајот со 17-годишното момче со аутизам

Институцијата народен правобранител ќе поведе постапка за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно во медиумите беше објавено...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со законот за амнестија, тогаш нека ја напушти Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што рече дека...

Македонија1 ден

Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура, без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку...