Политика
Груевски: Нападната е унитарноста на државата, само народот може да ја одбрани

Апсолутно дека е загрозена унитарноста на државата. Се соочуваме во ситуација во која таа унитарност е нападната, а со тоа и државата. Народот е тој којшто може да ја одбрани. Кога државата е нападната само народот, е тој кој што може да ја одбрани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕм Никола Груевски, во гостувањето во вечерниот дневник во неделата на телевизјата Сител во кое на челникот на СДСМ, Зоран Заев, му понуди поддршка за формирање малцинска влада, доколку овој се откаже од ткн платформа на албанските партии чие прифаќање е услов да му дадат поддршка.
„Во периодот на изборите, во кампањата кажував дека следува сценарио во неколку чекори за нападт на државата. Многумина нѐ сфатија сериозно, некои не ни веруваа и мислеа дека тоа го зборуваме само во кампања за собирање на гласови. Денес почнуваат да мислат различно и се освестуваат бидејќи гледаат дека тоа се случува. Една порака до граѓаните, ако седат и планираат со седење дома некој друг дека ќе им ја одбрани државата се во заблуда. Само народот може да ја одбрани“ рече Груевски.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, несомнено е дека странските центри на моќ коишто стојат и зад кризата којашто доведе до предвремените парлаемнтарни избори од 11-ти декември, како и сега договорите меѓу СДСМ и платформата на албанските партии, имаат мотивираност и подготвеност.
„Сметаат дека мнозинството од народот нема мотивирнаост и дека не е подготвено и нема да се спортистави на тоа народот, но народот може спротивното да го докаже на дело и да покаже поинакво однесување, волја, капацитети“, додаде Груевски.
Натаму во интервјуто претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека надворешните фактори, односно центри на моќ играат клучна улога во кризата во Македонија.
„Улогата на надворешни центри е круцијална за предизвикување на кризата во Македонија и неслучајно на собирите пред изборите говорев за тоа дека кризата ќе заврши само ако добиеме 63 пратеници. Тоа некои луѓе го сфатија сериозно, а некои не. Еве, како што може да видиме, кризата не е завршена. Но она што е пострашно е што сме на чекор до губење за работи до што се дошло со многу крв и нашите претци ги добиле многу тешко. Ние се чувствуваме осамени во битката за зачувување на државите интереси, а сега гледам дека многумина почнуваат да се будат и да реагираат“, истакна Груевски
Потврди дека ВМРО-ДПМНЕ, која има 51 пратеници во Собранието и без чии гласови не можат да се носат законите за кои е потребно двотретинско мнозинство, без да открие повеќе поединости.
„Ние секако имаме стратегија, секојдневно дебатираме и ја разглобуваме таа стратегија. Имаме различни планови направено, како планови кои произлегуваат од таа стратегија, но во овој момент не можам да ви ги соопштам“, рече Груевски.
Груевски му нуди на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој најви дека ги обезбедил потребните потпоси за да го одбие мандатот од претседател Ѓорге Иванов за формирање малда, малцинска влада и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ доколку се откаже од платформата на албанските партии и уривање на националните интереси.
„Му порачувам на Заев и му давам јасна понуда, доколку по секоја цена е решен да стане премиер и доколку цената треба да се работи кои ќе им направат штета на темелите на државата, дека лично му нудам доколку албанските партии го донесат на власт, ако се откаже од спроведувањето на таа агенда, ќе му дадеме поддршка да биде малцинска влада во период во кој ќе се договориме, и ќе има поддршка за сите закони освен оние за редефинирање на државата, кои се понижување на другите етнички заедници. Ќе има поддршка за сé освен доколку станува збор за закони кои удираат на темелите на нашата држава, за се друго ако го донесат албанските партии на власт ние сме тука да застанеме, да му дадеме поддршка и да има 100 пратеника кои ќе го поддржуваат само да запре со уривање на националните и државните интереси“, рече Груевски.
„Ако му е голема желба да нѐ малтретира, да нé апси, еве јас се пријавувам за прв доброволно, нека ме малтретира, апси, нека удри по мене, само нека ја остави државата“, додадел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на `Сокол` од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор“.
„Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?“ вели Стоилковски.
Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчески“.
Македонија
(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаневска посочи дека „учениците што стекнале право на стипендија во оваа учебна година не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а којзнае кога ќе им се исплатат парите на оние што ќе се најдат на списоците“.
„Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави, да го зголеми тој износ. И сè ова е малку, па натаму додаваме. Учениците запишани во математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите“, порача таа.
Македонија
СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против членството на државата, им служи на туѓите интереси и дејствува по туѓа агенда. Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Фотографирани со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачкиот СДСМ.
Од партијата велат „за инцидентот постапува Обвинителството откако МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно“.
„Насилство од каков било тип е неприфатливо исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани. И додека СДСМ ги остварува стратешките цели, ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, Мицкоски се натпреварува со Левицата во тоа кој е поголем противник на ЕУ. На државата не ѝ потребно потпалување на атмосферата, туку продолжување на европскиот пат, обезбедување на уставните измени за интеграција во ЕУ“, се вели во соопштението.