Контакт

Политика

Движење БЕСА: Корупцијата во Македонија во корелација со популизмот

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Од Движењето БЕСА сметаат дека вчера објавениот извештајот на Transparency International за индексот на корупцијата, кој го покажа растечкиот тренд на корупцијата во нашата земја, покажува и дека корупцијата е тесно поврзана со популизмот и лажниот патриотизам.

„Според овој извештај, еден друг вознемирувачки факт е тоа што растот на корупцијата и популизмот, односно лажниот патриотизам, феномен кој е доста присутен во нашето општество, се многу тесно поврзани и се во корелација една со друга. Движењето БЕСА се ангажира за една поблиска соработка помеѓу судството, Државната Комисија за Спречување на Корупцијата и обвинителството за организиран криминал. Ние сме длабоко убедени дека департизацијата и демократизацијата на општеството се основните предуслови за една европска иднина на земјата“, стои во соопштението.

Инаку, Македонија е рангирана на 90-то место на листата од 176 други земји во светот, па со овјо висок степен на корупција, Македонија се рангира во иста група со земјите од континентот на Африка и Јужна Америка.

„Со овој извештај, уште еднаш се докажа дека во Македонија нема волја за борба и спречување на корупцијата, и понатаму се соочуваме со политички интервенции во судството и неоправдани интервенции во дневните процеси на одлучување на анти-корупцијата и судските органи. Исто така, вреди да се напомени и фактот дека медиумите и граѓанскиот сектор продолжуваат да страдаат од директни притисоци, продолжува трендот на злоупотреба на власта или на политичките партии за финансирање на провладините медиуми, како и употребата на даночните инспекции за политичка одмазда“, стои во соопштението на БЕСА./крај/со/бб

Македонија

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

dobivaj vesti na viber

„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

Објавено пред

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Објавено пред

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.

Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет11 часа

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет11 часа

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија12 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...

Регион13 часа

Петков: На Македонија треба да и се каже дека за во ЕУ мора да се отстрани омразата

Зборувајќи за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поранешниот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) изјави:...

Економија14 часа

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува...

Регион15 часа

Бугарскиот пратеник по протерувањето од Македонија: Очекувам остра реакција од Бугарија и ново вето за Северна Македонија

Ангел Георгиев во саботата отпатува да ја одбележи 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да го посети гробот на...

Македонија17 часа

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион18 часа

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија19 часа

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион19 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија21 час

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион21 час

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија21 час

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет23 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион23 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет23 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет23 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија1 ден

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....