Контакт

Политика

Демократски сојуз: Референдум за прашања од национален интерес

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска Влада од партиите кои имаат парламентарно мнозинство, велат од партијата.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Државата ја карактеризираат четири круцијални елементи: народ, јазик, територија и суверено владеење со територијата. Овие клучни елементи со ништо не се загрозени ниту од внатре ниту постои  надворешна закана“, додаваат од ДС.

 

„Симболи на државата се знамето, грбот и химната. За промена на овие симболи е потребна согласност од најмалку 81 пратеник или над 50 отсто од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени“, порачуваат од ДС.

 

Демократскиот сојуз предлага наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени сврзани со симболите на државата.

 

На овој начин силната манипулативна партиско- медиумска  кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи, велат од ДС.

 

Демократскиот сојуз оценува дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македонија./крај/мф/бс

 

Македонија

СДСМ: Мицкоски е обичен заложник на Апасиев, антиевропски политичар, кој дејствува на штета на државата

Објавено пред

Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е само обичен заложник на Левицата и на Димитар Апасиев, па и оттаму потребата постојано да глуми радикал, реагираат од владејачкиот СДСМ на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Единствениот план на Мицкоски е да го следи Апасиев и со него да се натпреварува со блокади и деструкции со цел да го попречи европскиот пат на државата. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не поддржа ниту една одлука, не учествуваше во ниту еден процес важен за евроинтеграциите и за меѓунардоното потврдување на државата. Но, затоа, истата ВМРО-ДПМНЕ правеше и прави сè да ја загрози европската иднина, да пласира лажни вести со кои ќе ја манипулира и вознемирува јавноста“, се посочува во ракцијата од СДСМ.

Според нив, така се правело и за време на пандемијата на коронавирусот, и за време на европскиот предлог и за време на енергетската криза, „така прават и сега кога треба да се носат реформи со кои ќе се интензивира евроинтегративниот процес“.

„Без разлика на дејствувањето на Мицкоски, СДСМ нема да се откаже од европската иднина. Силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат, а Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, потенцират од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој парламент нема мандат да го менува Уставот

Објавено пред

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од Владата бараат да се прават притисоци. Нема проблем, јас немам проблем да ги истрпам тие притисоци. Тие притисоци се и ќе продолжат. Дали се жестоки? Да, жестоки се. Но, она што е поинакво од Преспа е што ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана, обединета и нема слаба алка внатре. Сега не се други центри на влијание, сега ВМРО-ДПМНЕ како целина е центар на влијание. Единствена е ВМРО-ДПМНЕ, политичките ликови во ВМРО-ДПМНЕ се единствени не затоа што водиме инает, туку затоа што сакаме овој народ да добие нешто. Да ги смениме перцепцијата и чувството за нас политичарите кај луѓето. Доста го крадеа, доста го лажеа и доста го понижуваа. Затоа што веруваме дека ова што го правиме е историја, генерациите по нас нека судат дали сме постапувале правилно или сме биле погрешно разбрани. Но, едно сакам да знаат и мојата порака е дека јас лично ни милиметар нема да се поместам и ќе ги истрпам сите притисоци од каде и да идат“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Илинден.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ има план, кој е составен од три дела. И подготвени сме тој план веднаш, кога ќе завршат изборите, да им го ставиме на располагање на дипломатите од ЕУ, да разговараме по тој план и тој е единствениот план за надминување на сегашната ситуација, односно ќор-сокак во кој нѐ донесе Владата на ДУИ подржана од СДСМ“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека овој парламент нема мандат да го менува Уставот. Овој парламент треба што побргу да се самораспушти, да се оди на предвремени парламентарни избори и секоја политичка партија и коалиција треба да излезат со јасен план и визија за надминување на проблемот бидејќи тој е тука. Не може да се игнорира проблемот. „ВМРО-ДПМНЕ ја предупредуваше власта, односно беа трипати предупредени дека создаваат проблем. Но, власта одлучи да продолжи да го создава тој проблем мислејќи дека на тој начин ќе им бидат заборавени и простени сите криминали и сето она што лошо го направија мислејќи власта дека ќе потпише и со тоа сѐ ќе се заврши“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски до Бугарија: Да постапите по пресудите од Европскиот суд

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права, во кои е утврдено дека се повредени правата на Македонците во нивната земја. Тој посочи дека бугарските власти треба да ги почитуваат правата што ги имаат граѓаните Македонци, а живеат на нивна територија.

dobivaj vesti na viber

„Ние апсолутно секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани што во која било друга држава се самоопределуваат како Македонци. Македонци има насекаде во светот. Вие знаете дека постојат и пресуди на Судот на човекови права, кои Бугарија ги нема спорведено. Ги повикувам бугарските власти – и тие да постапат бидејќи станува збор за земја членка на ЕУ. И тие луѓе што се граѓани на Бугарија и се самоопределуваат како Македонци се граѓани на ЕУ. Уште еден повик да бидат почитувани сите права, исто како што се почитуваат кај нас на сите што се самоопределуваат поинаку од Македонците“, рече Ковачевски.

Во извештајот на Стејт департментот се посочува дека Бугарија ја негира регистрацијата на етничко македонските активистички групи, како што се Обединета македонска организација – „Илинден“, Обединета македонска организација – „Илинден Благоевград“ и Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор. Се додава дека и ова се прави иако Европскиот суд веќе констатирал дека ним им се крати слободата на здружување.

Прикажи повеќе...

Најново

Домашен5 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија7 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт8 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет11 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион12 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија14 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија14 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија14 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија17 часа

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет18 часа

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија18 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет19 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија19 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија20 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет1 ден

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет1 ден

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ1 ден

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ1 ден

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија1 ден

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија2 дена

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...