Политика
Заев за Vecernji list: Иванов е должен да го почитува гласот на 700 илјади граѓани

Очекувам претседателот на Собранието да биде брзо избран и да го извести Ѓорге Иванов дека согласно Уставот е должен веднаш да ми го даде мандатот, а потоа уверен сум дека новата Влада ќе биде составена во многу покус рок отколку што предвидува Уставот и дека многу побрзо ќе излезам со составот на новата реформска Влада, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за хрватскиот весник Vecernji list.
„Сето тоа ќе донесе големо олеснување за граѓаните на Македонија, кои после тримесечниот застој ќе ја добијат новата Влада за којашто гласаа на изборите“, потенцира Заев во интервјуто.
Заев во интервјуто се осврнува и околу очекувањата за разврска на политичката криза во Република Македонија. На прашањето дали Иванов ќе го прифати известувањето од новиот претседател на Собранието, Заев вели дека очекува од Иванов „веднаш штом го добие дописот да го даде мандатот за формирање на нова влада“.
„Очекувам да се одржи конститутивната седница и Иванов веднаш штом го добие дописот од новиот претседател на Собранието, да ми го даде мандатот за формирање на новата Влада. Не сакам да помислам дека некој ќе се дрзне да помисли понатаму да ја изигрува волјата на околу 700 илјади граѓани и со тоа да ја турка Македонија во уште подлабока криза“, додаде тој.
Заев во интервјуто за хрватскиот весник објаснува дека наспроти непринципиелноста на Иванов, кој го крши Уставот, се прават сите прави напори за институционална разврска на кризата.
„Правиме се што можеме, на Ѓорге Иванов, кој го крши Уставот и излезе со двојни стандарди околу давањето на мандатот, преку почитување на институциите да му ги разбиеме сите изговори и низ законска и уставна процедура да мора да ми го даде мандатот за формирање Влада“, порача тој.
„Првиот чекор што го направив за да ја разбијам лагата за некакво сценарио спротивно на државните интереси на Македонија, беше минатиот петок кога ја објавив Програмата на новата реформска Влада на граѓаните на Македонија којашто ги гарантира унитарноста и суверенитетот на државата, перспективите на Македонија во ЕУ и НАТО, владеењето на правото, економски развој и социјална кохезија. Тоа се клучните приоритети за сите граѓани на Македонија, независно од каква било различност“, додава Заев.
„За да му олесниме, како парламентарно мнозинство од 67 пратеници, поднесовме иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Парламентот, за избор на претседател на Собранието на Република Македонија“, вели Заев во интервјуто./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги во 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на она што ја одбележа 2022 година, кои се плановите за 2023 година и кои се клучните промени од кои директна придобивка имаат граѓаните. Таа зборуваше за имплементацијата на законското решение недела-ден на неделен одмор, кое ги унапредува работничките права, измените во законот за минимална плата, со кое минималната плата се дефинираше на 18.000 денари и новата методологија за усогласување на минималната плата, со која се обезбедува нејзин постојан раст.
„Ја усвоивме и новата методологија за усогласување на пензиите. Со цел да креираме системско решение кое ќе дава резултати на долг рок, два пати во годината во месеците септември и март пензиите ги усогласуваме со 50% трошоци на живот и 50% просечна плата. Изминатава 2022 година пензиите пораснаа за речиси 10 %. Во месец март очекуваме ново зголемување на пензиите. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%, “ истакна министерката Тренчевска.
Пензионерите како една од ранливите категории, беа вклучени и во финансиската поддршка во време на економско- енергетска криза. Покрај паричната помош од 3000 денари, за околу 330.000 пензионери, пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од последниот пакет антикризни мерки.
„Ги мапиравме најранливите категории на граѓани во моментот. Со Законот за финансиска поддршка ги опфативме корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и стечајните работници. Оваа помош е предвидена за четири месеци,“ посочи Тренчевска.
Македонија
СДСМ: Расипничка локална власт на ВМРО-ДПМНE, милионски задолжувања и во Гази Баба

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра сега ја задолжи општината со предлог, во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација“.
„Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи можат да дојдат во спрега со инвестициските проекти. Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување. Стефковски наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од година и половина, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација“ стои во партиското соопштение.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов `Сокол`. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов – Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш“ стои во партиското соопштение.