Политика
Заев: Нема појдовни политички платформи или декларации, туку – програма на идната Влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави во петокот дека политичките процеси полека се дефинираат, без разлика што постоеја две неразумни причини, кои ги постави претседателот Иванов, а со кои се изместија од шините сите процеси коишто требаше да течат во нормален тек.
Тој посочи дека како човек и партија позади која стојат 67 потписи на пратеници, има право да очекува да му биде доделен мандатот за да направи обид да формира Влада
„Мудроста, присебноста и толеранцијата не ставија во позиција да имаме разбирање, дури и кога се неразумни ваквите причини којшто ни се дадени. Гледате дека презентиравме програма на новата Влада, за да докажеме дека нема веќе појдовни основи, програми на политички партии, платформи, декларации или изјави, туку има ништо повеќе, ништо помалку – програма на идната Влада на Република Македонија, којашто во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија, и нашите приоритетни цели, ЕУ и НАТО“, изјави Заев запрашан за начинот на кој ќе ја формира Владата.
Заев потсети на поднесена иницијатива за продолжување на конститутивната собраниска седница. Тоа го стори генералниот секретар на СДСМ, кој во името на сите 67 потписници, ја достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница којашто не беше завршена, а на која требаше да се избере претседател на Собранието.
Верувам, рече Заев, дека претседателот на Собранието, ќе испрати допис до Иванов, со што ќе го решиме и овој проблематичен услов од 10 дена, рок за да биде доделен мандатот.
„Верувам дека како сериозни, трезвени луѓе кои ја водат државата, како Иванов, тој е претседател на Република Македонија, а и сите ние коишто сме веќе пратеници во Собранието, и имаме аспирации да ја водиме Македонија, ќе бидеме разумни, ќе се разбереме еден со друг, за да може да и помогнеме, пред сè на Македонија и на сите нејзини граѓани“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија
Бачев бара од Владата да ја повлече одлуката за признавање на Косово

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, утре до Владата ќе поднесе иницијатива за повлекување на одлуката за признавање на Косово.
Македонија го призна Косово на 9 октомври 2008. Парламентот на Косово на 17 февруари 2008 година ја усвои декларацијата за независност и го прогласи Косово за Република. Тогашниот премиер на Србија, Војислав Коштуница, рече дека чинот на самопрогласувањето на независноста е незаконски и против принципите на меѓународното право.
Македонија
Град Скопје ги отфрли наводите за можна корупција со пробните автобуси

Град Скопје реагира на наводите изнесени во денешната прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ, во однос на новите пробни автобуси во Скопје и ги отфрла наводите за можна корупција.
„Градот Скопје интензивно работи на креирање јавен транспорт којшто е функционален, економичен и еколошки. Очигледна е лошата состојба во која се наоѓаат автобусите во јавниот превоз во моментов во Скопје и потребни се итни решенија за негово подобрување, а автобусите земени на тест-период се добар начин да се премости периодот до идната набавка на нови автобуси и да се донесе подобра одлука базирана на статистиките од користењето и задоволството на корисниците“ се вели во реакцијата од Градот Скопје.
Изминатиов период Градот Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови слични проекти со други производители на еколошки автобуси меѓу кои и на еден електричен.
„Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните бројки покажуваат дека трошоците за гориво се речиси преполовени.
Собраните податоци во овој период ќе помогнат во носењето на одлуки засновани на релевантни информации за какви автобуси ни требаат во Скопје. Оваа градска администрација нема да купува автобуси по принципот “миле, ми текна” како при минатата набавка на кинески автобуси каде првиот критериум беше ретро изгледот, а не перформансите на возилата“ порачуваат од Градот.
Од таму уверуваат дека кога Градот Скопје и ЈСП ќе донесат одлука за да набават нови автобуси, тоа ќе се случи во фер, отворена и транспарентна постапка во согласност со сите постоечки закони.
Македонија
Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со војна доколку Македонија не стане членка на геноцидно-фашистичките организации, НАТО и ЕУ, порачаа од Единствена Македонија.
„Престедателот на Европската комисија на ЕУ, Жан Клод Јункер, и екс претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Херман Ван Ромпој во одделни инетрвјуа рекоа дека е можна војна и во Македонија доколку не стане членка на ЕУ.
Пред два дена Радмила Шеќеринска на брифинг со новинарите рече дека доколку до јуни не се најде решение за името и влез на Македонија во НАТО, ќе се смени ситуацијата на теренот, алудирајќи на масовното определување на народот за Русија и Евроазиската економска унија.
Претходно на 4 април, на прославата на 69. роденден на НАТО на Плоштадот во Скопје, на дебатата, Шеќеринска, Џес Бејли и другите дискутанти за првпат кажаа дека Македонија освен членство во НАТО има и други алтернативи, но тие биле многу лоши.
Лагите на марионетската власт во Македонија и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај народот. Затоа народот масовно на секојдневните теренски средби со Единствена Македонија одлучно кажува „НЕ„ за НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ додаваат од партијата.
Од таму уверуваат дека Единствена Македонија по секоја цена ќе ја спроведе јасно изразената намера на народот за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Еврооазиската економска унија.
- Македонија2 месеци
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“