Политика
Заев ќе го каже конечниот став за Платформата по добивањето на мандатот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,0 по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во четвртокот вечерта во Собранието на РМ, изјави дека еврокомесарот бара што побрзо да се формира влада, како и дека има „позитивен став“ за Платформата на четирите албански партии, но оти конечниот став од неговата партија ќе го кажат откако ќе го добијат мандатот.
Според лидерот на социјалдемократите, Али Ахмети, досега лично не му побарал никакви писмени материјали, како што претходно за новинарите рече Али Ахмети, исто така по средбата со Хан, односно пишан документ за прифаќање на платформата. Меѓутоа, „ако сепак решил да го бара тоа истото и ќе го добие“, порача Заев.
Истакна дека е подготвен да разговара со сите партии на Албанците откако ќе го добие мандатот. Додека оти, сепак, „има црвена линија на трпението и се разбира дека потоа СДСМ ќе носи одлуки”.
Појасни дека материјалите „на писмено“ би биле програмата на идната влада, платформата на ДУИ и платформата на СДСМ и секако, материјали за итните реформски приоритети.
„Тоа што СДСМ е за отворено општество, а ВМРО-ДПМНЕ го прифати концептот за албанскиот јазик е чекор напред“, смета Заев.
На прашање дали е запознаен со изјавата на довчерашниот челник на ДПА Мендух Тачи, кој тврди дека Али Ахмети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски веќе договориле влада.. но ја одолговлекуваат работата, Заев одговори дека „очигледно Тачи цел месец не бил во државата и не знае што се случувало тука“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор, бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од полициската станица Карпош, која ја известила што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.
„ Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош Владо Симјановски кој го извести дека не можат да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири кој е во куќен притвор поради здравствени причини. И поради здравствени проблеми е повикана Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде спроведен и во клиничкиот центар“, кажа Фанка Јанчулева-Михаиловска.
Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку ќе постапев поинаку“.
Во петокот, Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.
Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш, ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второ лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на „Пошти“ Јани Макрадули.
Македонија
Стоилковски: Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си, но и желбата за гола власт и функции

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција зборуваше за тоа што од Алијансата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и дека Алијансата е за европски начин за однесување.
„Сигурно е европски Таравари да ја моли ВМРО-ДПМНЕ да гласа за него во Гостивар, тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше реформирано. Кога Алијансата се потпиша за пад на Владата, Таравари се потпиша за ВМРО или против ДУИ? Европската идеја не е молење и уценување за функции и вработување членови на партија. А Таравари влегува во Владата во чие време се отселени пет пати повеќе луѓе отколку последните 20 години“, нагласи Стоилковски.
Тој додаде дека Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си, но и желбата за гола власт и функции, и што му текнало дека е за Европа и тој заедно со Артан, Бујар и редица други Европејци ќе нè внесуваат во Европа.
„Веруваме дека и самиот си се смее навечер на сопствените изјави и на лицемерството, кои се толку проѕирни што и од тој агол и Мендух Тачи би бил визионер“, истакна Стоилковски.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на Сокол од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот, каде што директор е Филип Андов-Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот пред две недели, бил дел од таканареченото слободно одделение. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години по опсежна акција за апсење наркодилери, а од затворот во Шуто Оризари бега на пет месеци пред истекот на казната“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во која затвореници, кога сакаат, непречено излегуваат од затвор“.
„Пред две недели од затворот во Шуто Оризари си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цел СДС, власта му премолча на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од тој затвор за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне како во Идризово за да се реагира?“, вели Стоилковски.
Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов-Сокол, и од министерот за правда, Никола Тупанчески.