Политика
Касами: Хан поддржува формирање на влада, повторуваме дека нема „Тиранска платформа“

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн поддржуваат формирање на влада и излегување од политичката криза, изјави во вторникот претседателот на БЕСА, Билал Касами по средбата со европските претставници.
„Тие даваат поддршка за да се излезе од кризата, во овој правец е и посетата и не охрабруваат нас политичките фактори да гледаме на иднината на државата и граѓаните повеќе отколку на личната иднина. Во овој правец се и активностите на БЕСА, ние гледаме како да придонесеме да се излезе од оваа криза, бидејќи сметаме дека во земјата уште постојат сили кои сакаат оваа длабока институионална криза да ја втурнат во меѓуетничка криза, која ќе биде многу лоша за Македонија“, рече Касами.
Тој додаде дека БЕСА потенцира оти не постои ткн „Тиранска платформа“, туку декларација на политичките партии за барањата на Албанците кои живеат во Македонија.
„Хан даде поддршка за нашите постапки за формирање на влада која во моментот има поддршка од 67 пратеници, да се формира Собранието и да се избере претседател на Собранието, како и да се побара од претседателот Иванов да го додели мандатот и да започнат преговорите за состав на новата валда. Потврдуваме дека нема „Тиранска палтформа“ туку има декларација на политичките партии за барањата на Албанците кои се 25 години во демократскиот систем и се бара овие барања да се реализираат согласно Уставот и законите во РМ“, порача Касами./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.