Македонија
ЛДП: Повикуваме на зрелост за брз трансфер на власта
Либерално-демократската партија повикува на зрелост кај сите политички субјекти и институции во Република Македонија за брз и мирен трансфер на власта.
Процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно побрзо, додаваат од ЛДП.
„Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се посветиме на формирање нова реформска влада, чиј приоритет ќе бидат заздравувањето на економијата и европската агенда, а не национализмот, поделбите по етничка и партиска припадност“, велат од ЛДП.
„После изборите на 11-ти декември граѓаните посакаа промени. Посакаа реформи, подобар животен стандард, но и стабилна, евроатлантска перспектива на Македонија“, заклучуваат од ЛДП./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
