Контакт

Политика

Левица: Граѓаните да не подлегнуваат на националистичката реторика од страна на неодговорните политичари

Објавено пред

 

Борбата против национализмот е суштинска вредност и заложба на Левица. Затоа, не можеме да останеме неми на говорите на политичарите кои се  полни со национализам и запалива реторика. Ваквите говори ја одразуваат нивната намера да ги игнорираат суштинските проблеми на обичниот човек и да создадат привид дека се големите патриоти и заштитници на нацијата, за која се колнат дека ја застапуваат. За жал, ваквата реторика долго време им носи политички поени на политичарите, кои со создавањето на националистички магли го одржуваат трендот на осиромашување на мнозинството и ненормалното богатење на малкумина граѓани, велат од партијата Левица.

 

„Предупредуваме: националистичката и запалива реторика најчесто добива на интензитет како наближува терминот за избори. Па така, пред изборите кои  следат во земјите од нашето опкружување, веројатно ќе има зачестени појави на употреба на националистички говори, а тоа ќе се одрази и во нашето општество. Повикуваме на трезвеност и разумност кај граѓаните од  различна етничка припадност и да не подлегнуваат на ваквите провидни провокации и замајувања од страна на неодговорните политичари“, додаваат од Левица.

 

„Крајно време е да ги испратиме во историјата политичарите кои единствено се одржуваат на политичката сцена ширејќи омраза, исклучивост и сегрегација врз основа на националната припадност.  Да создаваме мостови  за соработка, заемно почитување и обединување на огромните мнозинства обесправени и осиромашени граѓани за да се избориме против манипулациите од страна на политичките и економските елити, на Балканот и пошироко! Додека се мразиме, ни ги празнат џебовите! Народот обединет никогаш нема да биде поразен“, порачуваат од Левица./крај/мф

 

 

 

 

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...