Контакт

Политика

Левица: Мораториум на албанската платформа, прекин на протестите и транспарентност во преговорите за излез од кризата

Објавено пред

 

Навидум нерешливата политичка криза, која се заканува да предизвика тешки последици по нашето општество, може да се надмине, единствено е потребна политичка волја кај партиите кои ја доведоа ситуацијата до точка на вриење, порачуваат од партијата Левица, која нуди неколку чекори за надминување на политичката агонија.

 

„Мораториум на Албанската платформа. Парламентарните албански  политички партии, ако навистина сакаат да се подобри животот на обичните граѓани Албанци, да се фокусираат на решавање на суштинските проблеми  кои нив ги мачат. Со затскривањето зад етничките барања само ја покажуваат својата незаинтересираност за подобрување на животот на обичните Албанци. Обичните граѓани Албанци, како и останатите граѓани на

Македонија, ги чувствуваат неправедните институции на своја кожа, од ден за ден стануваат се’ посиромашни, дишат загаден воздух, се соочуваат со  недостаток на чиста вода за пиење, а етничките прашања им се на дното на листата проблеми кои ги мачат“, велат од Левица.

 

„Транспарентност на преговорите за влада. Воспоставената практика да се водат преговори зад затворени врати, далеку од очите на јавноста, треба конечно да престане. Новото општество за кое се залагаме и се бориме не смее да се гради врз нетранспарентност“, додаваат од партијата.

 

„Институциите да работат согласно со своите уставни надлежности. Граѓаните не гласаа за нефункционален парламент, каде што пратениците ќе земаат плата, а нема да работат. Затоа, најитно е потребно пратениците да ги испочитуваат Уставот и Деловникот и да го конституираат Собранието, а Претседателот да го предаде мандатот, овојпат согласно со Уставот, и со тоа да се стави крај на институционалната криза“, велат од Левица.

 

„Прекин на протестите. Спротивно на декларативните заложби „за заедничка Македонија“, на овие протести често се забележуваат националистички скандирања и симболика, а со говорите кои се држат се стимулираат национализмот и нетрпеливоста. За да се смират страстите и да спласне тензичната атмосфера меѓу граѓаните, итно треба да престанат ваквите протести, кои несомнено имаат поддршка од ВМРО ДПМНЕ“, порачуваат од Левица.

 

„Левица искрено се надева дека оние партии и елити кои го создадоа хаосот, ќе изнајдат сила и доблест да ретерираат од некои свои позиции со цел да ја надминеме кризата што побргу и помалку штетно, за да конечно на дневен ред дојде решавањето на проблемите со осиромашувањето и обесправувањето на народот“, заклучуваат од партијата./крај/мф/бс

Најново

Култура16 минути

Котевска по Еми наградите: Дома ќе донесеме незаборавно искуство, нова видливост за македонскиот филм

Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите...

Спорт30 минути

(Видео) „Бомбата“ на Мејтланд-Најлс спречи триумф на Јунајтед на „Хил Дикинсон“

Манчестер Јунајтед продолжува да освојува подарува важни бодови во Премиер лигата, откако попладнево одигра 2:2 на гостински терен против Евертон....

Спорт40 минути

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот...

Црна хроника52 минути

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија1 час

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника2 часа

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава2 часа

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника3 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...