Политика
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.331 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациент позитивни и суспектни на корона вирусот.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106 во ковид-центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.331 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за реформата во образованието

ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование, изјави пратеникот Тимчо Муцунски.
„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, рече тој.
Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука, додаде Муцунски, наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието.
„Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање“, рече тој.
Македонија
Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.
„Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претворање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви сè постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, соопшти ДС.
Македонија
Нови интерактивни табли во битолските основни и средни училишта

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во општина Битола комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.
Со средства од Општина Битола во вредност од над 630.000 денари ,интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.
Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видеокомуникацијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот