Политика
Партиите се договорија за собраниската Комисија, останува да се избере претседател на Собранието
Парламентарните партии кои во вторникот точно напладне влегоа на координација со екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, отидоа на партиски координации со цел да предложат свои кандидати за претседател на Парламентот, пренесува А1он.
Координацијата со Вељаноски ќе продолжи во 15 часот, по што се очекува тој да закаже продолжување на конститутивната седница, во наредните денови.
Партиите го договориле составот на Комисијата за избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест пратеници, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
