Контакт

Политика

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, а Груевски да се повлече од насилствата и молбите да остане на власт

Објавено пред

 

На сите во Македонија и во меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето и на ВМРО-ДПМНЕ на власта во заминување, па и на претседателот Иванов под нивен притисок последните денови заедно со сите овие најави за насилство, провокации и поттикнување на поделби во Република Македонија немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани, изјави во средата потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

 

„Единствената цел која стои зад пропагандата, незаконските и неуставните одлуки е да се остане на власт и да се спаси од кривичната и криминална одговорност за сериозна корупција и криминал кои ги спроведувале со години и кои ја доведоа Македонија во состојба на длабока криза. Последната потврда за сево ова доаѓа од Брисел каде што последните два дена престојуваше пратеникот кој во исто време е и министер на надворешни работи, Никола Поповски и кој според потврдени веќе информации единственото што го правел е да зборува за неопходноста ВМРО ДПМНЕ да остане на власт или во власта во Република Македонија. Единствената цел за ваквата политика како што споменав е да се остане на власт со цел да се задржи криминално стекнатиот имот и истата елита да продолжи на ист начин да ги краде македонските граѓани“, рече Шекеринска.

 

„Да, тоа се истите луѓе кои само пред два месеци донесоа проглас со кој ја повикуваат меѓународната заедница да престане да се меша во македонските работи. Истите кои носеа ваков проглас овие денови разговараат со сите во Брисел, со претставниците на сите европски институции да бараат по секоја цена да останат барем дел од власта. Истите луѓе кои тврдат дека меѓународната заедница не треба да се меша во работите кои се одвиваат во Република Македонија се истите коишто веќе платија според проценките 1.6 милиони евра на лобисти за да влијаат во Вашингтон, тој дел барем го знаеме и коишто прават се само да ја сочуваат сопствената контрола и влијание и учество во власта по секоја цена па и по цена на насилство, па и по цена Македонија да влезе во уште подлабока криза. Ова вакво недржавничко и анти-државно однесување мора да престане“, додаде потпретседателката на СДСМ.

 

СДСМ заедно со мнозинството граѓани во оваа држава кои го подржаа концепт едно општество за сите стои на истите позиции дека ова е наша заедничка татковина чија унитарност, чија стабилност и просперитет ќе ја браниме по секоја цена. Затоа уште еднаш го потсетуваме Иванов дека мора да престане со насилството што го прави врз Уставот и демократскиот поредок на Република Македонија.  Тој е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев којшто обезбеди јасно и недвосмислено мнозинство во Македонското Собрание. Македонија мора да излезе од кризата, излезот од таа криза лежи во формирање на нова Влада која ќе ја стабилизира државата, кој ќе ја зацврсти и нејзината унитарност и нејзината сувереност, меѓутоа ќе им даде и чувство на стабилност и сигурност на сите нејзини граѓани. Времето е сега, и Иванов мора да ја почитува својата Уставна обврска, порачува Шекеринска./крај/мф/бс

Најново

Свет7 секунди

Европа се спротивстави на договорот на Трамп со Путин: усвоени се нови санкции

Европската унија ќе продолжи да спроведува санкции против Русија и покрај договорот за дизел постигнат за време на викендот меѓу...

Македонија8 минути

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни...

Црна хроника12 минути

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника21 минута

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника25 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија33 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...

Забава38 минути

(Видео) Дали имате тенки и кршливи нокти? Зајакнете ги за седум дена со овој вирален трик

Тенките и слаби нокти што лесно се кршат спаѓаат меѓу најчестите проблеми поврзани со убавината со кои се соочуваат жените...

Македонија40 минути

МВР: За Ива Михајлова нема евидентиран излез од територијата на Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова,...

Македонија43 минути

„Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија“, прашува Левица

„Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се најде во Софија и покрај тоа што е на стоп-листа...