Политика
СДСМ: Политичарите како Груевски и Иванов се минато, граѓаните избраа промени

Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски, велат од СДСМ во реакција по повод годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов.
„Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност“, велат од СДСМ.
„Граѓаните препознаа дека овие несериозни политичари, Груевски и Иванов ги загрозија државните и националните интереси и сакаат изолација на Македонија за спас на криминалците. Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна Влада, институции на граѓаните и живот. И тоа ќе се случи. Политичарите како Груевски и Иванов се веќе минато“, порачуваат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилството

Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се случија изминатиот период во земјата. Од таму бараат и одговорност од институциите за непреземање мерки за заштита на жените.
Се работи за фемициди извршени на свиреп начин, на кои, како што велат од Мрежата, им претходело долгогодишно семејно насилство, кое било пријавувано во полиција. Тоа се случаите во Кичево, каде што жена беше усмртена со 40 убоди од страна на партнерот, претходно во Куманово беше убиена жена од сопругот, а во Гевгелија маж ги уби својот брат и снаата.
Од Мрежата бараат од Основното јавно обвинителство при одредување на висината на казната да ги земе предвид сите околности, односно да не го третира случајот како еднократен инцидент, туку убиство како последица на долгогодишно семејно насилство. Бараат одредување највисока казна за сторителот.
„Понатаму, бараме да се поведе постапка за испитување на одговорноста на службените лица во врска со двата случаја, кои не постапиле навремено и чие непрофесионално работење доведе до смрт на 3 жени. По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани“, велат од Мрежата.
Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции и неправилната или отсуството на имплементација на законите, според Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, доведува до убиство, односно фемицид како најекстремна форма на насилство врз жените, кој најчесто се извршува од страна на маж, а жртвата е секогаш жена.
Анализата на Националната мрежа покажала дека во периодот од 2017 до 2020 година во Македонија се регистрирани вкупно 22 фемициди. Кај повеќето анализирани случаи убиството било извршено од сегашен или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого жртвата живеела во заедница. Во повеќе од 80 % од случаите убиството се случило или во заедничкиот дом или, доколку биле разделени, во домот на жртвата.
Алармантен е податокот од истражувањето на ОБСЕ, објавено во 2019 година, дека жените многу ретко го пријавуваат насилството што претходи.
Македонија
Власта отвори можност бугарската мафија да основа коцкарници во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн-коцкарници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Во услови кога народот тоне во сиромаштија, тие, наместо да работат на подобар стандард, формираат коцкарници, кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните.
Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови што ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје ,каков што е ликот Васил Бошков-Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот со коцкарници и условите за бизнисот во Македонија што ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата“, додаваат од партијата.
Ова не само што е лицемерно од страна на власта што го осиромашува народот туку е и крајно опасно за државата, порачаа од опозициската партија.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските

По повод 26 септември, Европскиот ден на јазиците, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, порача дека „Европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските“.
„Јазик преку кој во европската култура, наследство и традиција се вградени делата на нашата фолклорна традиција, но и на нашиот современ македонски израз. Со македонскиот јазик со Европа ги споделивме и ги споделуваме делата на Конески, Шопов, Јаневски, Стефановски, Бужаровска и плејада други писатели и поети“, порачува Костадиновска-Стојчевска. Таа додава дека на македонски, како еден од европските јазици, се преведени Шекспир, Кафка, Сервантес, Бодлер, Гете и другите европски класици и современи големци на литературата.
„Така, македонскиот јазик живее и преку преводите на стотиците странски македонисти во Европа и во светот како наши културни дипломати. Таа почит кон македонскиот јазик повикува и ние да ја негуваме љубовта кон сите други европски јазици како културен идентитет на народите на нашето европско семејство“, истакнува министерката за култура, која нагласува дека денешниот, Европски ден на јазиците, нека биде уште еден поттик да порачаме до сите граѓани да ги учат и почитуваат јазиците за да ги пренесуваат љубовта и разбирањето меѓу народите.