Контакт

Политика

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочаат парламентарните процедури за Груевски, ќе има нова Влада

Објавено пред

 

Мора да се одблокираат парламентарните процедури и согласно Деловкикот што побрзо да се избере претседател на Собранието, порачуваат од СДСМ.

 

Новиот претседател на Собранието ќе прати Допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за состав на новата Влада, велат од партијата.

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис секторот и на иднината на државата, додаваат од СДСМ.

 

На кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламенатрно мнизинство. Груевски имаше 20 дена, но не успеја да формира Влада, стои во соопштението од СДСМ.

 

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го формираше потребното мнозинство во Собранието. Тој веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото и решенија за потребите и проблемите на сите граѓани“, велат од партијата.

 

„Европската унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста. Тоа ги отвораат и европските перспекриви на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија. Република Македонија мора да се движи напред. Следен чекор во политичките процеси во Македонија е формирање на новата реформска Влада“, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс

Најново

Македонија4 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ12 минути

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава15 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт16 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава22 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт27 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...

Свет40 минути

12 странски државјани загинаа во големиот шумски пожар во Шпанија

Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски...

Македонија45 минути

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската...

Забава1 час

Т-рекс продаден за 50 милиони долари, срушен е рекорд

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави...