Политика
Спасовски: Промените треба да започнат уште на првата собраниска седница

Промените треба да започнат уште на првата собраниска седница, изјави Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, по работната средба во четвртокот попладнето со досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски на којашто се договара деталите околу конститутивна седница на новиот состав на македонскиот парламенти.
„Бевме информирани дека досегашниот претседател на Собранието планира да ја води конститутивната седница, што е спротивно на Деловникот и на собраниската практика, бидејќи најстариот пратеник претседава со конститутивната седница. Трајко Вељаноски сега е пратеник, како што бил прв меѓу еднаквите, сега е еднаков со сите како пратеник и затоа сметаме дека конститутивната седница треба да ја води најстариот меѓу пратениците, од проста причина што ставот два од членот девет е поврзан со ставот еден кој вели дека доколку досегашниот претседател на Собранието не ја свика седницата, тогаш ја свикува најстариот пратеник и ставот два вели дека тој кој ќе ја свика седницата тој претседава со неа“, појасни Спасовски.
Тој го постави прашањето што би се случило доколку Вељаноски не беше избран за пратеник, при што посочи дека во секој случај немало да биде специјално поканет да ја свика седницата.
„Ова се нашите принципиелни забелешки кои ги искажав на средбата што ја имавме со политичките партии и нашиот став е многу јасен дека досегашната практика и одредбите од деловникот се јасни, дека најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница“, рече Спасовски.
Според него, тоа укажувало дека ВМРО-ДПМНЕ планирала да ја води утрешната седница која треба да биде конститутивна и која „треба да тече врз нормите кои се пропишани, без никакво насилство“.
„Но, меѓутоа и покрај искажувањето на волјата на граѓаните и искажување на ставот дека промени мора да се случат, едноставно не се свесни дека промените треба да започнат токму на таа прва седница на парламентот“, заклучи генералниот секретар на СДСМ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.