Контакт

Политика

(ФОТО) Со шипки се нападнати Оливер Спасовски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кој се тврди имало и крв

Објавено пред

 

Според информациите во Собранието се случува вистинско насилство, при што со шипки се нападнати Оливер Спасовски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кој се тврди имало и крв.

Повредени биле и Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевс и и уште еден пратеник од СДСМ, како и новинари. Практично во Собранието се одвива државен удар од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а полицијата не го спречува тоа. Собранието е блокирано и не може ниту дасе  влезе, а ниту да се излезе.

Фотографијата, автентичноста не е потврдена, а е направена од смарт телефонот на новинарот на Телевизија 24. Странските абмасадори закажаа итна прес конференција пред хотелот Мериот во Скопје

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска е жртва на политичка пресметка и нарачка на Заев

Објавено пред

„Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување нови службени возила“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево таа беше спроведена во затворот „Идризово“, каде што ќе треба да ја одлежи четиригодишната затворска казна која судот ѝ ја изрече во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“.

„Јанкулоска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години ѝ служел на државата сè уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на ексдиректорот на ФЗО, Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на ‘Еуростандард банка’ и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво.

Забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата. Денес треба да се зборува за Јанкулоска во состојба кога имаме 40 илјади невработени на улица или кога имаме колапс на образовниот систем. Заев има потреба да се плаши единствено од правдата која ќе го стигне по падот на мафијата на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски и Ѓорчев учествуваа на Политичкото собрание на ЕПП

Објавено пред

Европската народна партија (ЕПП) денеска одржува Политичко собрание, со кое претседава претседателот Доналд Туск. Поради состојбата со корона-кризата Политичкото собрание се одржува преку видеоконференција.
ВМРО-ДПМНЕ учествува во истото претставена од потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар и член на ИК, Владимир Ѓорчев.

„На Политичкото собрание Николоски имаше свое обраќање во кое ги информираше партиите членки на ЕПП за недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15 јули, поткупот на гласачи, директен и институционален, притисокот врз гласачите, како и нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати кои го имаше ВМРО-ДПМНЕ поради злоупотребата на вонредната состојба од страна на СДСМ. Николоски информираше за активностите кои ги има партијата, како и протестите кои ги организира, како и за корупциските скандали кои ја следат Владата на Заев“, соопшти партијата.

На Политичкото собрание се зборува за состојба во Медитеранот, судирот во Нагорно-Карабах, корона-кризата, како и извештаите на ЕПП и следните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски се сретна со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се сретна со делегација на Независниот синдикат на полицијата, предводена од претседателот Гоце Делчев Тодев.

На средбата претседателот на НСП упати честитки до министерот Спасовски изразувајќи надеж дека и во новиот мандат заеднички ќе бидат носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски ја потенцира важноста од добрата соработка со синдикатите и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период и дека ќе се преземаат соодветни мерки за тоа.

Беше потенцирана и одлучноста за најстрого санкционирање на секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет5 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет5 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија6 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија7 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија11 час

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија11 час

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион12 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет12 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет12 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија13 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион14 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија15 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија16 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија1 ден

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија1 ден

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион1 ден

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет1 ден

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет1 ден

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Досие