Политика
Шилегов: Институциите да не помислат да работат против граѓаните

Порачуваме на државните институции да не помислат да подлегнат на притисоците што се обидува да им ги прави исплашениот Никола Груевски во последните денови на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во средата портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Никола Груевски и криминалната власт се веќе минато. Мнозинството граѓани на Македонија избраа промени. Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија. Ќе има одговорност за сите кои работеле против интересите на граѓаните или биле соучесници на режимот во противзаконски, непрофесионални активности. Оттука укажуваме посебно на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и на вработените во Управата за финанскиско разузнавање дека не смеат да бидат инструмент на Груевски и соработниците кои за лични интереси сакаат да се пресметуваат со демократската јавност“, рече Шилегов.
„Според информациите што ги имаме, по иницијатива на сегашниот директор на УБК, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Антикорупциската комисија побарала проверки за 22 невладини организации. Управата за финансиско разузнавање според информациите отворила проверки за 22 невладини организации. Отворени се проверки и за 42 физички лица, отворени критичари на владеењето на Груевски и опозиционери“, велат од СДСМ.
„Времето на политичари како Никола Груевски заврши. А во Македонија мора да има и ќе има одговорни институции кои се должни по закон и Устав да работат исклучуви во служба на граѓаните. Демократските процеси се почнати. Доаѓа слобода и живот за граѓаните. Никој тоа не може повеќе да го спречи“, порача Шилегов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИНТЕГРА: Случајот со претепаниот Пендиков е само вовед во провокациите што ќе следуваат

„Случајот со претепаниот Христијан Пендиков е само вовед во провокациите што ќе следуваат како што се доближуваат 4 февруари и прославата за нашиот апостол на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија ги алармира безбедносните служби да преземат законски мерки во сите правци, особено во делот на инфилтрација на моќна странска служба, која работи на спречување на евро-атлантската траекторија на Македонија преку држење во состојба на порозност на јужното крило на НАТО и попречување на ЕУ-членството на Македонија“, се вели во партиското соопштение на ИНТЕГРА.
Од таму велат „за едно од можните радикални сценарија постои сериозно сомневање дека е во корелација со скорешните закани од поставени бомби во училиштата. Сомневањата водат до препоставена процена за висока безбедносна закана во таа насока, особено на релација албански екстремизам – македонски радикален национализам, обата поттикнати од истиот центар на политичка моќ“.
„На ова сценарио подолго време предупредува Љупчо Ристовски, а времето и условите се идеални за сурова радикализација на тоа. Следете ги мотивот и бенефитот од исходот при една таква разврска и ќе дојдете до целите и извршителите на такво радикализирано сценарио. Патем, да си прашаме јавно, дали ВМРО-ДПМНЕ се огради од сценаријата на радикализирање на внатрешните односи со последици врз ЕУ-перспективите на Македонија, преку случајот на деликвентот Пендиков, кој патем е нивен истакнат член?“, се вели во соопштението.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС

„Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и служби поставени од СДС, во чија хиерархија доминираат луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС. Во само еден месец најмалку три бегства се случија на територијата на Скопје. Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРП-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој напомена дека „Македонија е во еден многу тежок период, во кој СДС ја втурна, и период во кој и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоките сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и Владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во кое побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата?“
„Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец – насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шуто Оризари, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за можеби да предизвикаат, инсценираат или организираат инцидент на 4 февруари? Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност, со можност за организирање инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници?“, праша Стоилковски.
Македонија
Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги во 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на она што ја одбележа 2022 година, кои се плановите за 2023 година и кои се клучните промени од кои директна придобивка имаат граѓаните. Таа зборуваше за имплементацијата на законското решение недела-ден на неделен одмор, кое ги унапредува работничките права, измените во законот за минимална плата, со кое минималната плата се дефинираше на 18.000 денари и новата методологија за усогласување на минималната плата, со која се обезбедува нејзин постојан раст.
„Ја усвоивме и новата методологија за усогласување на пензиите. Со цел да креираме системско решение кое ќе дава резултати на долг рок, два пати во годината во месеците септември и март пензиите ги усогласуваме со 50% трошоци на живот и 50% просечна плата. Изминатава 2022 година пензиите пораснаа за речиси 10 %. Во месец март очекуваме ново зголемување на пензиите. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%, “ истакна министерката Тренчевска.
Пензионерите како една од ранливите категории, беа вклучени и во финансиската поддршка во време на економско- енергетска криза. Покрај паричната помош од 3000 денари, за околу 330.000 пензионери, пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од последниот пакет антикризни мерки.
„Ги мапиравме најранливите категории на граѓани во моментот. Со Законот за финансиска поддршка ги опфативме корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и стечајните работници. Оваа помош е предвидена за четири месеци,“ посочи Тренчевска.