Контакт

Македонија

(Видео) Мисајловски: Џафери го приватизираше Собранието и измисли небулозни причини да ја отфрли Иницијативата за референдум

Објавено пред

Џафери си го приватизира Собранието и уште еднаш покажа власта дека се плаши од народ и затоа беа принудени да измислат небулозни причини да ја отфрлат иницијативата за референдум, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека работа на претседател на Собрание не е да толкува Устав, туку дека тоа е работа на Уставниот суд.

Според Мисајловски, отфрлањето на иницијативата за референдум е поради измислени и противправни причини.

„Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието, односно претходен референдум и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓани за други прашања за кои одлучувало Собранието тоа е дополнителниот референдум, ова е чл.24 од Законот за референдум, кој Талат Џафери вчера со неговата одлука за отфрлање на Иницијативата за распишување на референдум за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија го прекрши.

Одлуката на Џафери за одбивање на одлуката е незаконска.

Антимакедонската СДС и ДУИ преку Талат Џафери прават правни гимнастики за да го избегнат народот, затоа што знаат дека над 60% од Македонците го поддржуваат и ќе излезат на референдумот кој би се организирал. Објаснувањето на Џафери со кое ја отфрла Иницијативата е правно неиздржано, небулозно и не содржи правна подлога. Спасувањето на Ковачевски од дебакл го направил со целосно кршење на законите и Уставот.

Прашањето на ВМРО-ДПМНЕ не ја менува содржината на договорот, туку го оспорува законот со кој се ратификува билатерален договор и се прогласува за важечки на територија на Република Македонија со сила на закон. Со поништување на Законот за ратификација на договорот, истиот ќе престане да важи за Република Македонија, зашто согласно нашиот Устав меѓународните договори мора да бидат ратификувани како закони. А, со тоа и ќе престанат сите негации на Македонија за јазикот, историјата и идентитетот, и би се пристапило кон репреговарање, но достоинствено“, додаде Мисајловски.

Тој изјави дека власта со отфрлањето на Иницијативата бега од народот затоа што биле свесни за две работи. Првата затоа што знаат дека ќе има излезеност, втората е затоа што знаат дека народот е против Договорот со Бугарија, кој е извор на асимилација која СДС и Ковачевски ја спроведуваат, порача тој.

Мисајловски заклучи дека Талат Џафери со оваа своја одлука, наместо чувар на Уставот, станал шампион во кршење на истиот.

Македонија

Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;

– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;

– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Автокоманда денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет25 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет30 минути

(Видео) Трамп: „Златното доба на Америка започна“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија14 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија16 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија19 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија22 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет23 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет23 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...