Македонија
(Видео) Николовски од Виница: Тргнува караванот на победата, чекориме храбро кон нов мандат за нови успеси
Денеска од Виница го најавувам почетокот на изборната кампања на СДСМ и Коалицијата. За кратко време направивме многу успеси и од нив нема да се срамиме. Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро. Бидејќи можеме, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„ Можеме уште подобро со минималната плата. Замислете, таа беше 9.000 денари, срамота! Успеавме за две и пол години да ја покачиме на 14.500 денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20.000 денари!
Можеме уште подобро во земјоделството каде годишно ќе се добиваат 200 милиони евра и нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата.
Можеме уште подобро во слободата на живеење и работење. Наместо заробени и украдени бизниси, ќе подржуваме микро и мали претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање и ќе помагаме женско и младинско претприемништво со грантови од 5 до 15.000 евра за почеток на сопствен бизнис.
Можеме уште подобро во патната инфраструктура. 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 950 километри локални патишта и рехабилитација на дури 1.500 километри од постоечките патишта. Сето тоа во следниот мандат, бидејќи најважно е да се комуницира, да се тргува, да се разменуваат добра и услуги.
Можеме уште повеќе во социјалната сфера. 34.000 домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Предвидуваме и 777 социјални станови за период од само 2 години. Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво.
Програмата е навистина најдобрата програма досега. Ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени.
А ги затворија оние кои десетина години на власт развиваа само корупција и непотизам, сееја страв и наместо кај граѓаните, парите ги насочуваа кон џебот на бегалецот од Будимпешта кој нескриено раководи со мајсторите за лажни вести, ВМРО на чело со Мицкоски како кукла на конци.
Но, тие се во минатото. Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние.
Побрзо да дојде време кога луѓето ќе ги бираме по квалитет, а не по партиски книшки. И само така ќе се ослободиме еднаш засекогаш од непотизмот и корупцијата. Од тој рак на општеството“, истакна Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

