Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ бара санкции за активисти на СДСМ за ширење говор на омраза

Објавено пред

Срамниот говор на омраза и срамното и ниско ниво на комуникација на членовите и активистите на СДСМ, мора веднаш најостро да бидат осудени и санкционирани, реагираат во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

 

Станува збор за објавата на професорот Тито Беличанец со алузија на закоп во однос на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што за неговата партија која на предвремените парламентарни избори од 11-ти декември освои 51 од 120-те мандати во Собранието, покажува дека „СДСМ е во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза“.

„Очигледно аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ, не можат да се помират со црвениот картон кој им го дадоа граѓаните на Република Македонија. Поразот на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев од 11-ти декември е цената која ја платија за нивната деструктивна и антидржавна агенда“ се додава во изјавата .

Во ВМРО-ДПМНЕ дека „како што Заев продолжува да тоне, така стануваат сé пониски навредите што ги нарачува, а срамот кој на себе го навлекуваат послушните професори – извршители како Тито Беличанец, станува сé поголем“.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото некрофилско однесување на членовите на СДСМ и очекуваме дека во најбрз можен рок ќе реагираат институциите“. стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија38 минути

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија8 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија12 часа

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија17 часа

Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и’ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија18 часа

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија19 часа

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија21 час

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија22 часа

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија22 часа

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа23 часа

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет23 часа

(Видео) Хутите лансираа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет24 часа

Трамп е убеден во тројна саботажа во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет1 ден

(Видео) Хонг Конг се закрепнува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...

Свет1 ден

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа не смее да бидат оставени во рацете на Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната...

Европа1 ден

(Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е вторпат оваа недела

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив е затворен неколку часа, соопшти данската...

Македонија1 ден

Филипче: Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН....

Македонија2 дена

Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Од таму...