Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ предупредува на нарушување на принципот ‘победник со победник’, Данкан уверува дека Британците не се мешаат во формирањето на владата

Објавено пред

Од ДУИ во моментов зависи каква ќе биде идната македонска влада и предупредија на нарушувањето на востановениот принцип „победник со победник“, односни партите од двете етнички заедници со освоени најмногу мандати во парламентот, порачаа од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот вечерта, предводено од лидерот Никола Груевски, на средбата со британскиот државен министер за Европа и Америка, Алан Данкан и амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет, кои порачаа дека од британска страна нема мешање во формирањето на владата, и оти тоа е работа на самите партии.

dobivaj vesti na viber

 

На средбата, на која покрај Груевски присуствувале и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за меѓународна соработка Александар Николоски, било разговарано за актуелните политички случувања и чекорите кои би се преземале во иднина.

Од ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелната ситуација било стакнато дека во Македонија има политичка криза која требаше да се разреши со избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ победи со 51 пратеник, а опонентот СДСМ имаше 49 пратеници, се наведува во соопштението на партијата по средбата со Данкан и Гарет кои претходно се сретнаа со социјалдемократите предводени од заменикот претседателка Радмила Шекеринска.

„Бидејќи сме мултиетничка земја има едно правило коешто во минатото албанските партии бараа да биде и закон, а не само принцип. ВМРО-ДПМНЕ тогаш посочи дека е подобро да остане само на ниво на принцип, бидејќи ќе беше многу невообичаено да се преточи во закон, а станува збор за правилото победникот кај македонските гласачи да мора секогаш да коалицира со победникот кај албанските гласачи. На тоа највеќе апелираше и инсистираше токму партијата ДУИ. На оваа тема имаа многу интервјуа и прес-конференции, особено што и меѓународната заедница не’ советуваше тоа да го прифатиме како принцип. Сите тогаш посочуваа дека сме мултиетничка земја, дека не треба да гледаме како е во другите држави бидејќи кај нас е специфично, и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифати и применуваше се додека зависеше од нас. Самиот претседател на ДУИ тврдеше дека ако не се земе најголемата партија кај Албанците во власта ќе има дефакторизација на Албанците во државата и газење на нивната волја. Сега за прв пат дојде обратна ситуација, сега од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Британскиот државен министер Данкан запрашал кој е статусот на правилото за коалицирање на победничката партија кај Македонците со победничката партија кај Албанците, на што од ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека се тежнее очигледно на тоа статусот кој досега важеше, отсега да не важи, како и дека доколку се случи тоа во земјата ќе има „дефакторизација на Македонците и нивна мајоризација, газење на волјата на мнозинството Македонци и се обратно за што ДУИ досега се залагаше“.

Од ВМРО-ДПМНЕ додадваат и дека доколку сега се случи прекршување на принципот, истиот во иднина никогаш повеќе нема да важи, бидејќи победникот повеќе би добил во коалиционите разговори од вториот или третиот по ред поголем партнер, отколку што би добил од најголемиот партнер за разговори.

Во однос на можните последици од прекршување на овој принцип од ВМРО-ДПМНЕ нагласиле дека можни се тензии и притисоци од членството.

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на тој принцип, затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас“, појаснија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Данкан прашал и што ќе се случи ако ДУИ решат да одат со СДСМ и со другите помали албански партии, дали тоа ќе е нелегитимна влада, на што од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека во маеоднското општество на тоа се гледа како на нелегитимна влада, поради нарушениот принцип „победник со победник“, а посебно проблематично е што ДУИ преку ова коалицирање сака да издејствува неуставен закон за употреба на албанскиот јазик.

„Ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ќе има тензија, луѓето се вознемирени, тоа е главната тема во нашата држава. Македонците поради тоа се длабоко фрустирани особено што ова се прави поради неуставен закон за двојазичност на целата територија. Не сме убедени и дека една таква влада може да ги постигне тие цели во една таква атмосфера. Затоа предложивме дека е добро да се направат нови парламентарни избори“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот британски министер Алан Данкан истакна: „Наш заеднички интерес е да се остварат долгорочните цели на државата врзани со нејзините приоритети и нејзините интереси. Што се однесува до формирањето на Влада, тоа не е наша работа. Тоа е ваша работа, работа на партиите.“

Во однос на улогата на СЈО од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека СЈО беше создадено да ги истражи работите кои произлегоа од креираните материјали од сниманите телефонски разговори кои излегоа во јавноста.

„И ние тоа го подржувавме, мислевме дека ќе биде фер и ќе работат на транспарентен начин. Беше повикан обвинител од САД да ги советува работните групи како подобро да се реализира идејата. Тој кажа дека не е добро СЈО да има мандат на подолг период и дека треба да се ограничи неговиот мандат со цел земјата да не биде предолго во тензична ситуација и со институција која е ад-хок. Наш предлог беше тоа да биде една година за да може да отворат истраги за да доколку најдат некои реални докази да отворат обвинение. Бројот на телефонски разговори дотогаш се знаеше и се беше јавно. Нашите опоненти рекоа дека рокот треба да е две години. На крајот претставниците на меѓународната заедница рекоа дека рокот може да е година ипол. И тоа беше прифатено од страна на сите страни и потпишано. Два месецa откако почна да работи Катица Јанева таа отпушти 2 обвинители од вкупно 14. Медиумите ја прашаа зошто, на што одговори дека немаат толку голем обем на работа за толкав голем број на обвинители. Два месеци подоцна во април 2016-та обвинителката објави дека и’ е потребно продолжување на рокот за работа бидејќи имала многу работа. Ние бевме зачудени, и доколку е тоа навистина така и тогаш го осознале, и предложивме да земе поголем број на обвинители и да ангажира повеќе луѓе, колку што и’ требаат, се со цел да не се тероризира општеството. Таа тоа го одби, и’ до ден денешен таа го одбива тоа. Не прифаќа поголем број на луѓе. Нашата позиција е дека треба да си останеме на договорот потпишан од сите страни, независно што СЈО покажа дека работи благо кажано непрофесионално. СЈО се претвори во партиски огранок на СДСМ. Гледаме дека станува збор за хајка, а не за правен инструмент кој треба да доведе до реално преставување на работите што се случувале. Вршат неверојатен притисок врз судот и говорат дека се многу поддржани од претставници на меѓународната заедница во Македонија. Кога би биле подржани професионално да ја вршат својата работа, тоа би било одлично. Но тие тоа не го имаат разбрано така, туку како поддршка да прават што сакаат и да се занимаваат со политика а не со право“, посочиле од ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадорот Гарет се интересирал за тоа коај би била реакцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ не направи влада со ДУИ, односно кои се следните чекори и дејства на партијата со цел да ја изрази волјата на своите избирачи, на што од ВМРО-ДПМНЕ посочиле дека за тоа ќе информираат кога ќе се донесе одлука за тоа, како и дека има долга листа на чекори, но што од тоа би одбрале не би можело да биде соопштено во овој момент./крај/мф/сн

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија12 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ13 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија15 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија16 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ16 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија17 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет18 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија18 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија19 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион19 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет20 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет21 час

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет21 час

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа21 час

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија2 дена

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија2 дена

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија2 дена

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...