Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку темата образование ја дефокусира јавноста од Тиранската платформа

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„СДСМ на секој можен начин се обидува да ја дефокусира јавноста од темата за прифаќањето на Тиранската Платформа. Затоа сега манипулираат со јавноста. Не сакаат во јавноста да се зборува дека СДСМ прифаќајќи ја Тиранската Платформа, прифаќа редефинирање на Македонија и нејзино претворање од мултиетничка унитарна држава, во бинационална држава на која и се заканува федерализација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Затоа СДСМ се обидува да зборува на тема образование, само да не спомене ни збор за платформата. Впрочем СДСМ кога имаше можност да направи нешто за образованието, зад себе остави хаос и една голема катастрофа. Кога Социјалдемократскиот сојуз имаше можност да покаже од колкава важност е развојот на образованието во Република Македонија, нивен врвен приоритет и единствено достигнување беше криминално спроведената приватизација и отпуштањето од работа на повеќе од 200 илјади граѓани, чиишто семејства преживуваа на работ на егзистенцијата“, порачуваат од партијата.

 

„Оваа нивна практика, дури и отворено најавуваат дека би продолжила доколку успеат да се доберат до власт, со стратегијата која во моментов ја спроведуваат, а која упатува на катастрофални последици по однос на националните и државните интереси и по однос на сите општествени сфери, вклучително и образованието“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Имено, во време кога земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, СДСМ има брилијантна идеја – натпреварот кај нас да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште, што всушност подразбира бркање на илјадници наставници и професори од своите работни места“, велат од партијата.

 

„Дополнително, на СДСМ му пречи објективното оценување во училиштата. Екстерното тестирање го наруши комодитетот на нивните олигарси, кои во минатото, преку притисоци и закани кон наставниците им го завршуваа образованието на своите деца, без минимални знаења и познавања на областите кои ги изучуваа. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на тие лоши вредности од транзицијата. Токму затоа ја променивме таквата состојба и нема да дозволиме земјата да се врати стотици чекори назад“, додаваат од партијата.

 

„Граѓаните се против лошите идеи на СДСМ содржани во Тиранската Платформа или како што тие ја нарекуваат – програма за работа. Мнозинството од нив гласаа за програмата Реално, која освен отворање на нови работни места, предвидува и бројни мерки и активности за продолжување на развојот на националниот образовен систем, кој добива европски предзнак. Тоа е болката за СДСМ. Болка се изградените 74 нови училишни објекти, повеќе од 400 реконструирани, изградени 98 училишни спортски сали, воведени најсовремени наставни програми и учебници во основното образование, отворените универзитети и факултети, како и многу други реализирани проекти и реформи кои обезбедија бројни бенефиции за македонските ученици, студенти и нивните семејства, наставници, професори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Апелираме до СДСМ да се разбудат од моменталната состојба која ја имаат замислено. Немаат право, ниту ќе имаат можност да укинуваат, намалуваат или рушат веќе реализирани проекти кои обезбедија бенефиции за граѓаните“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 час

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа2 часа

ЕУ конечно постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет11 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион12 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа12 часа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет14 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија14 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет15 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија16 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија16 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија17 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија20 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија21 час

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија21 час

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија21 час

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија22 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион23 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...