Политика
Груевски се заложи за брзи избори, Алтхаузер за мандат за Заев
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски во среда оствари средба со Кристине Алтхаузер амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.
Германската амбасадорка истакна дека интересот на Германија за актуелните случувања по изборите во Македонија е многу голем, интересирајќи се дали има нешто ново на тој план.
Претседателот Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека живееме во време кога работите се јавни и нема што повеќе да додаде од она што е веќе јавно објавено.
„ВМРО-ДПМНЕ како партија која освои најголем број на гласови и мандати во Парламентот пристапи кон формирање на коалиција со ДУИ која како што е познато не беше договорена. Она што се очекува е одлуката на Претседателот Иванов, по што ВМРО-ДПМНЕ ќе се прилагоди на таквата одлука“, истакна Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека ситуацијата е зрела за брзи избори, бидејќи во моменталната ситуација кој и да формира Влада ќе има потешкотии во функционирањето на парламентот и Владата поради тесното мнозинство, при што брзи избори се најдоброто решение.
Тој истакна дека во однос на тезата која постои дека не треба да се губи време, посочи дека се согласува дека Македонија нема многу време за чекање и во ваква ситуација со актуелниот распоред на силите во Парламентот што не гарантира стабилност може да поминат една или две години, па затоа е подобро да се загубат два месеца за нови избори отколку неколку месеци или години.
Германската амбасадорка Алтхаузер изрази изненадување зошто се бараат брзи избори. Она што е потребно е да се даде мандатот на втората по големина партија во Македонија, на што Груевски запраша дали тоа е нејзина сугестија, по што германската амбасадорка се изјасни дека тоа е онака како што во моментот се гледа во Берлин.
Груевски притоа истакна дека со разговорите за коалицирање со ДУИ ни се потврди сомнежот кој го имавме дека таква една Влада со таков распоред на сили во парламентот тешко ќе функционира и сега сме поубедени во тоа. Изрази жалење што некои партии имаат страв од избори, но ВМРО-ДПМНЕ нема таков страв од соочување со граѓаните и дека има многу примери во светот од такви брзи избори.
Груевски додаде дека веќе има искуство од функционирање на таква Влада која опстојуваше со тесно мнозинство во парламентот, еднаш како министер во Владата на Георгиевски, втор пат како предводник на владата од 2006-та до 2008ма година, каде парламентот беше заглавен со 150 недонесени закони.
Во однос на доделување на мандатот Груевски посочи дека по одржаните избори тој треба да се додели на победничката партија како што стои во Уставот, а по истекот на 20-те дена конечната одлука за поинакво одлучување е работа на Претседателот на државата.
Груевски истакна дека ако е така напишано во Уставот, тогаш не би имале против друг да го добие мандатот.
Германската амбасадорка Алтхаузер посочи дека се чини на изборите имавме двајца победници и двете страни славеа, запрашувајќи зошто да нема втор обид за составување на Влада?
Груевски околу ставот за тоа кој е победник на изборите посочи дека малку се релативирзира од страна на амбасадорката додавајќи дека победник е оној кој освоил најмногу гласови и пратеници, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, по што се согласи германската амбасадорка дека е точно дека победник е партијата со најголем број на гласови и пратеници. Другите партии може да слават, и тоа не е забрането, но и дека истите тие имаат историја да ги слават своите порази, посочи Груевски.
Околу вториот обид за составување на Влада Груевски посочи дека не е на ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе има втор обид, она што може да се каже како партиски став е дека ВМРО-ДПМНЕ е за брзи избори, но не и да толкуваме нешто што веќе го има или го нема во Уставот.
Никола Попоски изрази сугестија со која почитувајќи ја улогата на Европската Унија укажа да не се остава впечаток на преголемо мешање на странските фактори кај тие кои што носат одлуки во име на граѓаните со цел да не се вратиме на впечатокот дека друг ги носи одлуките и има големо влијание, бидејќи на крајот и перцпецијата е важна работа, работејќи на зацртаната наша стратешка цел членство во ЕУ и НАТО. Тој посочи дека граѓаните кажуваат кои да ги носи одлуките и треба да се остави тие да продолжат да одлучуваат за сите важни прашања.
Германската амбасадорка посочи дека заеднички сме сложни дека целта е ЕУ и НАТО и дека се преставува Европската Унија и на тоа не треба да се гледа како на мешање. Таа посочи дека патот кон ЕУ е тесен и дека заеднички се ангажирани кон преставување на Европската Унија сакајќи да помогнат.
Груевски изрази благодарност за тоа, посочувајќи дека перцепцијата во последните две години е дека сето тоа е повеќе од преставување. Ги поминува границите на преставување, изјави Груевски.
Соговорниците на крајот изразија согласност за понатамошна соработка во сферите од заеднички интерес. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.