Контакт

Политика

Груевски: Сите досегашни чекори на ВМРО-ДПМНЕ се согласно демократските принципи и пракси

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вторникот имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија, со кого разговараа околу најновите  политички случувања во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според партијата, се разговарало за „изборната измама што поразениот СДСМ ја направи со прифаќањето на Тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта и намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите.“

 

Груевски потенцираше дека сите досега превземени чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа изборна измама низ улиците на над 30 градови во Македонија, порачуваат од партијата.

 

Покрај овие теми во разговорот се дискутираше и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцираше дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец. Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата./крај/мф/бс

 

 

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија2 часа

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија3 часа

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ4 часа

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет6 часа

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа6 часа

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет7 часа

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет7 часа

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи обична облека на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа7 часа

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа7 часа

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија17 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија22 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија22 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија1 ден

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ1 ден

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ1 ден

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ1 ден

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа1 ден

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...