Контакт

Политика

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се помират и сплотат околу националните интереси

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Го повикувам лидерството на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да смогнат сила за да си простат, да се помират и конечно да се сплотат околу националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Република Македонија, порача претседателот Ѓорге Иванов, во годишното обраќањето во Вила Водно, оценувајќи дека нема ништо потрагично и поопасно од меѓу-македонскиот судир.

 

„Ако навистина ја сакаат оваа држава и ако навистина се грижат за македонскиот народ, ги повикувам да ја почитуваат волјата на граѓаните, бидејќи во омразата никој нема ниту иднина, ниту надеж“, рече Иванов.

 

Претседателот повика да ги оставиме зад нас поделбите и реваншизмот и реториката на патриоти и предавници.

 

„Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Одредени политички лидери да престанат да се повикуваат и да ги злоупотребуваат имињата на амбасадорите во Република Македонија за да остваруваат свои цели. Истовремено, го повторувам и повикот дипломатските претставници во вршењето на своите надлежности да внимаваат да не бидат погрешно разбрани и да се придржуваат до Виенските конвенции“, рече Иванов.

 

За да го направиме чекорот на помирување неопходна е одговорност, порача македонскиот претседател. „Одговорноста е темел на довербата меѓу луѓето и институциите, бидејќи секој кој носи одлуки мора да превземе лична одговорност за своите чекори“ рече Иванов, додавајќи дека само одговорноста создава услови за безбедност, стабилност и напредок.

 

„Кога институциите се заобиколувани, блокирани и парализирани, наместо да се дел од решението, тие стануваат дел од проблемот. Се надевам дека лидерите конечно ја научија лекцијата – дека не треба да се бараат решенија надвор од институциите на државата. Затоа, повикувам, по којзнае кој пат да им ја вратиме моќта на институциите“, потенцираше Иванов.

 

Иванов ги повика и партиите да покажат одговорност и да го обноват заветот за европска и евроатлантска Македонија.

 

„Ги повикувам што поскоро да потпишат обврзувачка декларација за посветеност на европската и евроатлантската агенда, се додека довербата на граѓаните во Европската Унија и НАТО е толку висока. Ги повикувам да се обврзат дека сите закони и решенија од европската агенда ќе имаат приоритет“, истакна Иванов.

 

Со повик за простување, помирување и сплотување околу државните интереси, претседателот Иванов го заврши своето годишно обраќање.

 

„Повикувам, конечно, одлуките за Македонија да ги носиме во институциите што сами ги создадовме, преку претставниците што сами ги избравме.Повикувам на одговорно однесување. А одговорноста се гради преку јавност и транспарентност. Граѓаните треба да бидат врвниот контролор на одговорноста на лидерите, политичарите, институциите. Бидејќи сите постојат заради граѓаните“, истакна македонскиот претседател во годишното обраќање.

 

„Само така ќе ја градиме Република Македонија како држава во која наместо поединци ќе владее правото, во која ќе се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и рамноправноста. Држава што ќе обезбеди мир и соживот меѓу своите граѓани, независно од етничката, верската и јазичната припадност. Држава што ќе обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот“, рече претседателот Иванов.

 

„Како Претседател на Република Македонија и како Врховен командант на вооружените сили се повикувам на мојата одговорност дека ќе го правам она за што положив свечена заклетва. Ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија од внатрешните и надворешните предизвици, закани и ризици. Ќе го бранам Уставот и уставниот поредок на Република Македонија. И не помислувам да отстапам од тоа“, рече претседателот Иванов на крајот од своето Годишно обраќање./крај/мф/бс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија15 часа

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија15 часа

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија16 часа

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија16 часа

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ17 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија18 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија19 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија20 часа

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион20 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт21 час

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија22 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија1 ден

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија1 ден

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија1 ден

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија2 дена

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија2 дена

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија2 дена

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...