Контакт

Политика

СДСМ: Коневски да го реши проблемот со загадувањето во Аеродром

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

СДСМ бара градоначлникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски проблемот со големото загадување во Аеродром да го постави на централно ниво и да им каже на граѓаните дали и како ќе се справат со овој проблем што го предизвикаа.

„Ивица Коневски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги исекоа сите паркови и зелени површини во Аеродром и за тендер интереси поставија непотребен бетон каде стигнаа. Дозволија да се градат згради една до друга со што ја нарушија природната циркулација на воздухот. Должни се да се справат со последиците! Недозволиво за еден градоначалник и една локална власт е да го загрозат здравјето на своите сограѓани. Тоа го направија Ивица Коневски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општината Аеродром со тендер политиките што се одразија со огромна загаденост на воздухот во општината. Граѓаните на Аеродром дишат отровен воздух. Со месеци и навечер и наутро концентрациите на опасните ПМ10 честички се и до 20 пати над дозволените граници. Аеродром е меѓу најзагадените општини во Македонија и во Европа“, рече на прес-конференција Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром

Според него, криминалните власти од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно вршат убиство од небрежност врз граѓаните на Општина Аеродром, а за последиците ќе има одговорност./крај/со/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде...

Македонија7 часа

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42 % од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата....

Македонија9 часа

Мицкоски: Секој што на каков било начин има поврзаност со случајот во Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни...

Македонија9 часа

Уапсени 60 лица за подметнување пожари во Македонија

Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60...

Македонија10 часа

Католичката црква со реакција за муралот на Мајка Тереза: Ова е навредлив чин за сите верници

Католичката црква во Македонија изразува жалење за, како што велат, недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света...

Македонија10 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова во црквата на македонската заедница во Стерлинг Хајтс, Мичиген: Татковината не може да се менува

Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, и средбата со македонската заедница, претседателката...

Македонија11 часа

„Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет денеска, понеделник, 29 септември, во 6.25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром „Скопјe“ до Штутгарт, „Визер“ отвори уште...

Европа13 часа

Данска ги забрани сите цивилни летови со дронови

Данска ги забрани сите цивилни летови на дронови до 3 октомври пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот...

Европа13 часа

Поранешната шефица на МИ5: Можеби веќе сме во војна со Русија

Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија, предупреди поранешната шефица на британската безбедносна служба МИ5. Таа ги наведува...

Европа14 часа

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

Ако му ја земеш чашата на пијан човек нема да го отрезниш. Иако ова е очигледна вистина за човечката природа,...

Свет15 часа

(Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден

Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата...

Свет1 ден

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...

Македонија1 ден

Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од...

Топ1 ден

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет2 дена

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија2 дена

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет2 дена

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ2 дена

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...