Контакт

Политика

СДСМ: Тодоров донел упатство за грипот што самиот не го испочитувал

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Излегуваат нови пропусти на власта во заминување околу грипот, во услови кога Македонија е една од земјите со најголем број заболени од грип во Европа, посочуваат од СДСМ.

 

„Никола Тодоров лично не го испочитувал упатството за грип што самиот го потпишал. Еве го тоа упатство што Тодоров го донел на 27 февруари 2015 година. Во него самиот Тодоров препорачува по можност БЕСПЛАТНИ вакцини за грип за ризичните групи граѓани, чие здравје може да биде загрозено! Но наместо тоа, набавени се десетици илјади вакцини помалку од потребното, а и тие што се набавени, на граѓаните им се наплаќани дури двојно повеќе од набавната цена“, велат од партијата.

 

Никола Тодоров во упатството го навел примерот на Финска каде бесплатна вакцина примаат лица кои можат да имаат сериозни последици од грипот, како бремени жени, сите лица над 65 годишна возраст, сите деца на возраст од 6-35 месеци и останатите ризични групи граѓани, додаваат од СДСМ.

 

„Но Тодоров во реалноста не само што не постапил според своето упатство, туку не ја испочитувал ни препораката на Светската здравствена организација, да се вакцинираат 75 проценти од старите лица, како и лицата  кои спаѓаат во приоритетните ризични групи во Македонија. Спротивно и на препораката од СЗО, тој дал согласност за набавка на10 пати помалку вакцини потребните, еве во Законот за јавно здравје стои дека согласност дава министерот за здравство.Вакцинирани се само 7.7 проценти од лицата на возраст над 65 години и само 10 деца на возраст до 5 години“, додаваат од партиата.

 

„И вакцината со набавна цена од 171 денар, граѓаните ја плаќале по 400 денари. Значи заработени се околу 90.000 евра  врз грбот на ризичните групи граѓани. Предупредуваме никој да не си игра со здравјето на граѓаните, бидејки ќе има одговорност. Потребна е итно новата одговорна Влада која сериозно ќе се грижи за здравјето на сите граѓани“, заклучуваат од СДСМ./крај/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Билатералните прашања да останат билатерални, а не пречка за ЕУ, рече австриската министерка која е во посета на земјата

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на земјава престојува министерката...

Македонија43 минути

Ексдиректорите осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за...

Македонија1 час

Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на...

Македонија3 часа

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа3 часа

(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија4 часа

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија5 часа

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија5 часа

Мицкоски за „Евроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaцијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија5 часа

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниеден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа7 часа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет7 часа

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет7 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија16 часа

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија17 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија18 часа

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...

Македонија20 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија21 час

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија22 часа

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет22 часа

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...